Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет од мајка чие бебе е на ексклузивно доење: како почнавте со воведување оброци?

    Бебево мое е 5++, и веќе две недели пробува вкусови. Има пробано јаболка, банана, круша, слива, праска, морков, тиквица, компир, батат и овесна каша. Праската и сливата се пробани во купени кашички. Овошните кашички ги јаде, зеленчуковите не, исто и овесната каша не ја бендисува ако не е мешана со овошје.
    Нема некој распоред на цицање освен тоа што секое успивање и денски и навечер си цица.
    Па за воведување оброк ме буни дали да биде пред цицање, после цицање, колку размак да има од цицање до оброк, дали да биде пред спиење после спиење итн...
    Количински исто не знам колку да давам, до сега мерката ми е 4 полни мали лажичиња, ако ги изеде ја нудам со повеќе но не сака.
    Не воведував една намирница 3 дена, освен овесната каша, таа ја давав 3 дена по ред но многу малку проба 2-3 неполни лажичиња само. Денес јадеше јаболко и батат кашиче домашно и утре ќе и направам пак исто. Оброк се мислам да воведам од понеделник или понаредна недела.

    Се осеќам некако бавно дека оди работава со пробувањево вкусови но не сакам па ни да ја форсирам. Има денови кога е заинтересирана и денови кога уста не отвара и ми е страв како ќе биде кога ќе воведам оброк.
     
  2. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.054
    Пол:
    Женски
    @kanella Ние почнавме исто на 5++ со морков прв вкус и не знам колку има врска, ама јаде зеленчукови каши без проблем. Јаде се. 10 месеци за некој ден.

    Бавно не ви оди во никој случај, дури и многу си вовела за 2 недели. :) Подој, па по половина час, убаво расонета-понуди оброк. Не пред спиење, не веднаш по станување.

    Бебето ќе диктира за воведување на оброк, ние бевме и повеќе од подготвени за воведување, веќе покажуваше голем интерес за храна и се возбудуваше, по совет од педијатар после една недела веќе имавме прв оброк (појадок). Убаво би било да се советуваш со педијатар, но како и да е, тоа што јаде само неколку лажички е сосема во ред за почеток.
     
    На kanella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    Совет од педијатар ми беше да не брзам со јадење и прв оброк да воведам на 6 полни месеци :sweat: имам воведено многу затоа што како што пишав не давам една намирница 3 дена. Или заедно во кашиче повеќе намирници или кашиче од една намирница. И јас дадов морков прво, но мислам грешка направив што и давав на неколку наврати да пробува купечки кашичиња. Затоа овие денови ќе и давам домашни и ќе следам како ќе оди работата. Утре ќе и направам пак јаболко и батат а понаредните два дена тиквица и морков ќе и давам.
    Се возбудува и мојава кога и го доближувам лажичето, па и ако и се допадне почнува да си збори, да си брмчи со устето па со рачињата ќе го фати лажичето за сама да јаде, циркузи. :lol:
    Фала ти за одговорот, оброк инаку се рачуна кога се заменува подој? Или подоите си остануваат на барање на бебе?
     
  4. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.054
    Пол:
    Женски
    Оброците служат за да заменат подој, но во реалноста, особено на почеток не е така. Со цицач како синко мој, не беше така. Се уште цица итоа кога сака, од почеток па наваму. Постепено прескокнувавме подои, како што тој си диктираше. Најголем проблем (се уште) ми е навикнувањето на вода, затоа ми е страв да не ми се одбие. Вода треба да имаш предвид да ја нудиш по секој оброк. Мојов не пие нешто многу вода, а наближуваат топли денови. Повеќе си игра со шишето и си ги чешка непцата, што со клунчето, што со држачот. (facepalm) Повеќе успех имам со чашка, но за надвор не е секогаш изводливо, па затоа сега зедов магична чаша на Нук, па ќе го навикнувам на тоа сега. Уште цевче немам пробано.
     
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.486
    Допаѓања:
    8.896
    Пол:
    Женски
    Јас почнав со вкусови неколку дена пред да наполни 5 месеци. Цел месец пробуваше ама имаше некоја одбивност кога ќе ја видеше лажичката ми ја буткаше раката, бегаше ја вртеше главата, па со сила некако ќе и дадев 2-3лажички. 2 дена пред да наполни 6 месеци ме изненади кога и доближав лажица-си јадеше. Потоа и дадов овошно шмукалче од 100гр и цело си го испи. 6 месеци и 2 дена е. Очигледно претходно не беше спремна за дохрана. Мислам дека веке 100гр се рачуна како оброк на почеток. После кашичката нудам вода, ама пошо не ми пие баш, не е навикната, и давам и града. Ќе повлече неколку пати и си се трга сама. Оброков го давам како ручек околу 14-15 часот, највеќе така ми одговара. Не знам дали е правилно така баш утре сум на педијатар и ќе прашам.
    Имам дадено: јаболко, слива, круша, батат, тиква, тиквица, банана, морков, ориз и утре планирам палента да дадам со тиквица. Не правев и јас секогаш по 3 дена еден вкус, ама ги вртев цело време и ги комбинирав различно.
     
    На kanella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    @Lovebug01 @MissBreezy фала ви женски. Значи најубаво да оставам бебе само да ме води. После секое пробување нудам вода но не е воодушевена :D ја џвака цуцлата и кога ќе и протече вода е вака :o сакам да земам чашка со клун затоа што очигледно со силиконските цуцли немам среќа.
    Оризот како го спремате? Читав треба особено внимание со него...
     
  7. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.486
    Допаѓања:
    8.896
    Пол:
    Женски
    Ориз земам на Хипп бебешки, мелен е по упатство го спремам.
     
    На kanella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Тоа е она што го пишуваше јајце од лен?
     
  9. Bebac

    Bebac Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Мајки,Ви благодарам на сите вчера што ми дадовте совет.
    Му дадов средина од лебче на синко, и воопшто не беше толку страшно.
    Почнуваме со поголеми парчиња.
     
    На eta, Izzy_0504 и Jana06 им се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Ајде, ќе биде :)
    Можеш нешто со вилушка да згмечиш или со блендрер на сецкање да држиш на копчето, за покрупно да се изблендира.
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Мајки, вчера за прв пат го земав овој ориз на Холе. Е, сега на него пишува само приготвување со млеко. Дали може со овошје и зеленчук блендирани да го давам насабајле? 20210514_090028.jpg
     
  12. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    можеш јас со вода и го правам
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    И јас со вода го правам, можеш и со овошје, јас секогаш со зеленчук го давам.
    Нема некоја особена причина зошто е тоа така
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @dunika Ги правам кифличките што и' ги правеше на малата за воведување белка. Го месев тестото, но лепливо е. Такво треба да биде? Го ставив да нарасне, но лепи и меко е, па не знам дали треба да е поинакво.
    Абер немам значи :D
     
  15. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    95.249
    Пол:
    Женски
    Додај брашно слободно,дур не стане фино за месење,меко како ушната ресичка.Секое брашно различно прима вода,иако е ист тип.
    Ако веќе си го оставила да стасува,кога ке нарасне за 30 мин од прилика,посипи малку брашно,премеси нежно и остави 10 мин пак да нарасне,за да можеш полесно да го работиш после.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  16. **MajkaE **

    **MajkaE ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Мајки почнавме со пробување на вкусови од 5м по препорака на педијатар. Уште од првата каша се тегне , се корне сака се да изеде :D. Ме интересира освен слива, круша, јаболко и морков дали може да се даде и нешто друго на таа возраст?
     
  17. Saraaa9

    Saraaa9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2019
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    компир, тиквичка и банана можеш да дадеш :D
     
    На **MajkaE ** му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Батат,тиквичка,тиква,кајсија,брокула,карфиол,банана, јас и на хип имав дадено праска со банана (таа ја обожава сеуште) :D
     
    На **MajkaE ** му/ѝ се допаѓа ова.
  19. **MajkaE **

    **MajkaE ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите. Моментално и правам дома кашички и ги обожава дури и бара уште одкога ќе ја изеде целата :rofl:. Ќе ја пробам и со карфиол и тиквички дали ќе бара така .
     
  20. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.643
    Пол:
    Женски
    Може глупо прашање... Црвена и зелена пиперка ваљда не се воведуваат посебно?