Јас прв пат дадов некаде околу 11 месеци мислам, со кисело млеко/јогурт и беше бел (од овој и ние што јадеме).
@Jana06 Што правите за млеко да те прашам? Дали почнавте некакво да пиете? Нели и твоето не сакаше ад...
Ништо Гледам колку можам повеќе други млечни да давам, а навечер му правам од кутиите за добра ноќ на хип или холе, тие се со млеко ама и тие многу ретко ги јаде. Еднаш му направив со тетрапак и правеше гримаси за повраќање.
Кај мене по грешка почнавме со кашичка купечка ,беби бисквит јаболко и банана ,видов откако ја изела. После тоа престанав да пазам на глутенот односно земав гриз ,па на хип мислам беше со повеќе видови житарки кутија. Бисквити посни обични давав. Па тестенини сега почнав 8++...
јас имам Филипс. Боље нешто нема. Полнаѓ што треба, вклучувам и шетаме со бебе. Кога ќе си дојдеме, ручек готов Садот за ориз за се ми е. Во него манџиче правам
@Mila_Skopje oвој на gorenje не можам да го најдам @kukla21 најдов ваков модел, овој е? @Vojdana Имам уште месец и некоја недела да почнам со воведување ама јас да бидам спремна. Нарачав и ваков термос за чување на кашичките ( во случај да сме некаде на шетање) ако имате предлог за некој друг кажете
Јас би ја лупела и би ја спремила на пареа. Доколку е мека и зрела немаш потреба од многу готвење. 10 мин максимум... Јас последниве два дена воведов карфиол. Генерално добро го прифати. Е сега, утре сакам авокадо да воведам и се мислам дали е исправно тоа бидејќи карфиолот е нова намирница па да не му дојде многу. И како го давате авокадото? Го готвите ли на пареа?
Денес воведов авокадо. Кога го пресеков беше зрело и меко внатре. Ставив 1/4 од целиот плод со парче банана и јаболко на пареа. Тоа го изблендирав и го помешав со топла палента на Хипп. Испадна преубав оброк. Изеде 160 грама. Останатиот дел од авокадото го завиткав во најлонска фолија и во фрижидер. Имам уште за 3 оброка. Се надевам не треба да го замрзнувам. Утре пак ќе го користам...
Ќе ти се расипе вака, не стои толку време во фриз. Или изблендирај и замрзни го во калапчиња за мраз или стај го во пластично со кромид внатре за да не ти поцрне