Да прашам имам домашно мисиркино месо, замрзнато ми го донесе вујко ми на големи парчиња. Како да го подготвам за бебе со оглед на тоа што за делење ќе треба да го одмрзнам, не смеам потоа пак да го замрзнам? Да го сварам па да го поделам и замрзнам?
Свари го убаво, потоа да се излади и на парчиња по 50гр во ќеси за замрзнување стави. Јас ставам 50гр во едно ќесе, на вага мерам, и замрзнувам, парче по парче ми се замрзнати. Така и пилешко и телешко. @firequeenn авокадо со се, и во зеленчукови (само тогаш не ставам путер и Маслиново масло), и во овошни со слива, круша, јаболко, банана, вишна, со житарки исто ставам. По 1/4 ставам во каша, свежо, и не повеќе од 2 пати неделно. Не го користам како основа. Компир, житарка, тиква може за основа, а авокадо не.
11 ипол месеци,вака ни е распоредот за ручек понеделник-Зеленчуков ден Вторник-Телешко Среда-Пилешко(мисиркино) и јајце Четврток-Зеленчуков ден(леќа или грав) Петок-Телешко Сабота-Риба Недела-Телешко Добар е распоредот или некаде грешам?
Ние сме 9++ бидеќи немам сеуште воведено риба вака ми се распоредени Понеделник: зеленчук и јајце Вторник: телешко Среда: мисиркино Четврток: зеленчук и јајце Петок: јагнешко или јунешко Сабота: телешко Недела: пилешко На педијатар прашав ми рече ок е, а и мислам не обрна многу внимание..
Може ли да го давам со овошје? Прв пат сакам утре да и дадам ама незнам дали посебно да го воведувам И може ли и оризот на Хипп? И палентата ме интересира од кога може и која е најубава? 5++ е малата Од 4+++ почнавме со вкусови по препорака на педијатар
Од година може да се искомбинира. Јас не би комбинирала и двете во ручекот, но доручек јајце/ручек месо, да. Уште го немам направено ова ама не пазам толку како порано.
јајце давам за доручек кога давам пилешко/мисиркино инаку Јадранка ми рече да ставам во пилешкото жолчка не сум и ставила
По дефиниција нема. Де факто има најчесто. Во дм има без глутен и е означен како таков. Бидејќи најчесто доаѓа во контакт со други, најчесто има глутен, ама не многу. Тоа е причината зошто се почнува со него. Да немаше глутен, ќе беше означено на амбалажата.