A глутен кога почнува да се дава? И уште ова, педијатаров ми вика една овошна ужинка сабајле да има, тоа значи неколку лажички? Не го разбрав баш
Спанаќ сакам да воведам, утре и во сабота. Ми останува уште малку, да го бланширам и замрзнам или да фрлам?
Јас почнав кромитче по една мала латица да ставам уште почеток на 6-ти месец. Праз не сум вовела уште, за 3 дена ќе полни 7 месеци. Се мислам дали да почнам по мали парченца месо да ставам од петлето. До сега еве 5-6 пати ставам од водичката само во која се вареше парчето месо со ковчиња...
Исечи го на лентички мекиот дел, внатрешниот нека си грицка. Јас така почнав, сега таратур обично му правам или за ужина или со ручекот.
Следна недела ќе почнам со вкусови, на 4+++. Знам кои се првите намирници. Ќе и давам 3 дена исто и ќе ја следам. За неколку работи ако можете да ми помогнете... 1. Да давам од сабајле после првото цицање - колку време да чекам, пред прва дремка или после неа? 2. Дали да давам чист вкус или да мешам со мајчино? Ако мешам да го правам потечно првиот ден? 3. Дали да нудам водичка после тие 2-3 лажички или со водата се почнува откако е воведен оброк?
Претпоставувам првата дремка е до кај 12h, па јас мислам после дремката таман на гладно и после ќе се нацица. Чист вкус е подобро, измешан со вода и да биде потечна, па понатака ќе згуснуваш. Можеш да купиш една кашичка 4+ да ја видиш густината, таква треба да биде. Нуди вода после секое пробување, колку сака толку. На почеток може и ич да не сака ама ќе нудиш обавезно и ќе почне да ја прифаќа водата.
Фала ти ептен, ќе те послушам. Уште едно прашање сега околу водата.. Од шише да ја нудам или лажичка? За чаша со клунче мислам рано и е..
Па пробај прво шише ама ако е стравствен цицач веројатно нема да сака. Пробај лажиче, шприц, клунче, чаша види што ќе сака.
Готови кашички зеленчукови од кои сте најзадоволни? До сега само му готвам ама некогаш не се стига сакам да јаде и купечки пробав 2 на хип стега уста не сака
Не се ни на Холе нешто најдобри зеленчуковите. Пред некој ден му земав од компир, тиквица и тиква и беше блантава и грозна...Дури имав и грижа на совест кога му ја давав... И мене ми требаат зеленчукови кашички готови понекогаш ама тешко дека ќе се најдат вкусни...Освен кога ќе се стоплат да им се стави путер малку и сол ама сол не смее...Тоа е...
Бејбилове од дм пробај ги не се ни тие нешто. Или малку додај од готова тиква каша во тие ќе добие вкус
Мамички да ми кажете дали се смета за алергија ако се појават црвени кругчиња и за 10 мин исчезнат Сумлива ми е ќере кога и давам овесни така се зацрвенува