Здраво, сигурно има пишувано но да не барам некоој да ми одговори набрзина, почнавме со вкусови на 4+++, дадов јаболче 3 дена од денес крушка ке давам, па планирам банана (да не е рано за банана) , што може друго во овошни? Потоа дали да почнам исто со зеленчук по една лажичка и дури од коа ке пробаме се да почнам да давам мешани кашички повеке од 1 лажичка, и др дали да му дадам сокче купив на хип јаболко, благодарам позз
Сокчиња избегнувај, посебно готови заради шеќерите кои ги содржат. 8м сме, не сум дала сеуште. Со немлечна исхрана можеш водичка да даваш. За банана не е рано, можеш да дадеш но гледај да е со точки кората, да е позрела, за да не направи запек. Круша, јаболко, тиква, банана, слива се меѓу првите намирници. Обично постепено се дава нов вкус во тек на 3 дена, првиот ден 3-4 лажички, вториот 5-6, третиот 10тина лажички. Можеш и да мешаш со веќе пробан вкус, пример до 50гр оброче ставаш 2-3 лажички нов вкус а рестото со веќе пробано вкусче. (Ова за прв ден, за втор ден 5-6 лаж. ново и рестото стар вкус) И така се почнуваат комбинации, кои на почеток добро е да се по 2 намирници. Постепено ќе си мешаш и повеќе. Зеленчук на почеток можеш батат, тиквица, морковче. Исто важи и со нив мешањево. Можеш да ги подготвуваш оброците со мајчино млеко или АД, или водичка да не се многу густи на почеток. Има апликација и доста комбинации на бебе готвач, можеш да си ја симниш од play store, мене доста ми помага. Јас давав 3 дена овошје, па 3 дена зеленчук и се така, за да спречам запек. Имајте убави денови за ручкање, наздравје да му е на бебенцето
да, алергија е. Паузирај еден месец, па понуди пак. нас ни се блантави, за бебе се таман. Нит сол, нит путер треба да се додава. Тие имаат веќе во себе масло, најчесто од репка. Нема да ви јадат, ако додавате сол. Друго, мислам дека премногу се на база морков и некако тоа дава чуден вкус. мојава до сега ги јадела, макарони со доматен сос на ДМ, таа со тиквици на холе и кус кус на холе, тиква и пилешко на холе и сега не ми текнува друга која. Веројатно нема
Мајки, сабајле дадов просо со круша и банана. Еден од стандардните доручеци на Војдан е ова... Е, сега за ручек се прашувам дали смее да му дадам ориз на Хипп со зеленчук бидејќи до сега овој ориз на Хипп сум го давала за доручек со овошје? Или ќе му дојдат 2 житарки дневно и тоа е многу?
Obareni ali imav domasni zamrznati sto znaci ne mu bese sezona, a da trebase sega da davam koga mu e sezona sekako deka svezi
Мене педијатарот ми рече да давам наутро житарка со овошје а за ручек житарка со зеленчук, и така давав до сега. Но сега дека праша ова па се подзамислив малку, да не и' е премногу вака?
Следниов период ќе воведувам нови намирници, а моментално за ручекот основа ми беше батат или млад компир ама викам ај да сменам и денес ставив ориз Хипп со зеленчуци и маслиново масло и супер му дојде , све си изеде...
Јас за појадок денес и направив овес со банана и круша, а ручек ориз со зеленчук и маслиново иначе 6+ сме. Малку ми јади дека заби вади па се надевам дека ќе помине и тој период.. Сакам да те прашам, спелта дали даваш и од кога може да се дава? Мислам месец некаде ни се разлика маливе ако не се лажам
Кога воведовте домат? и за членките во хрватската група дали знаете зошто не препорачуваат користење на инстант житарици кутии (бебешкиве) од хип, холе итн
Нема ни месец разлика. Моево е крај на шести месец сега. Од житарици имам воведено до сега: пченка на Хипп, ориз (Холе и Хипп) и просо. Следна житарка што ќе ја воведам е овес. За спелта рано е сеуште. Планирам и семолината да ја воведам на Хипп... Не знам дали ја виде програмата за исхрана од мојата педијатарка, ја објавив овде на темава.? Доколку не тогаш извести ме да ти ја пратам во порака...Моево дете има два комплетни оброци воведено уште почеток на 6-ти месец. Сега воведувам пилешко па од следна недела почнувам со млечни производи итн...
Да да, ја имам си ја спуштив бидејќи нашиот педијатар не ни даде таква табела.. Мене ми остана уште пченка да воведам и просо од житарки. Може да ми кажиш како го припремаш просото и со што го комбинираш? И од каде го купуваш? Јас во Зегин барав но немаа.
просо можеш и во ДМ да земеш. Се кисне од вечер. Утрото ја фрлаш таа вода и го вариш додека не испука.