Тогаш во поголемите маркети барај на био космос. Ова ако сакаш да е органско. Инаку просо мислам дека сум видела и во Кам. Барај низ маркетите, сигурно има.
Мамички ако може помош, каков путер користите? Било кој несолен обичен, или има некој кој е специјален за бебе?
Баш и Кукла како што ти пиша - ќе го покиснеш од вечер просото во ладна вода и сабајлето ќе го измиеш со нова чиста вода и ќе го ставиш да се вари едно 40 минути на потивко и поклопено со капак. Ставај повеќе вода затоа што се наварува просото многу. Јас на 1 лажица просо ставам цела голема чаша вода. Купи органско просо. Јас зедов едно италијанско од Зегин. Ама ете имало и во ДМ, а има и на Биокосмос органски житарки во Супер Тинекс... И стави една голема лажица со куп варено просо во чинијата, стави овошје по желба (круша, јаболко на пареа омекнати или малку подварени, слива, банана парченце итн...). И просото да ти дојде 1/3 од кашичката. Убаво изблендирај и имаш супер појадок. Пченка моментално користам на Хипп па и таа ја комбинирам со горенаведените овошја. Уште полесна е таа...
Здраво мајки, Сакам да преминам од аптамил на тетрапак (11++м). Аптамил пие од првиот ден, мислам дека можам да преминам на тетрапак.. Кое млеко ми го препорачувате и со колкава масленост? И дали на почеток да го разредувам со вода и колкав сооднос треба? Ви благодарам мамички
Што правите кога не сакаат зеленчук воопшто ни д апомирисаат? Веќе нервите ми попуштија ништо не пали за д ајаде зеленчук. Еве се асе боревме викаше рикаше не отвара уста гладен седи не сака д ајаде зеленчук.
Мојата правеше така и и ставав јаболче додека не воведов кромид, лук, масло и месо. Сега парче ги прави зеленчуковите кашички по 2 мали од шала јаде
9м ставам и батат и и кромид и лук и месо и масло се не сака уста да отвори сакаше со к млеко сега ни така. Очајна сум незнам што веќе
Не сака овошје јаде парчиња, палачинки од овес и бансна јаде парчиња, кекси јаде но зеленчук никако. Едно време јадеше помалку околу 120 гр сега ни толку стега уста и толку ако си упорен почнува да плаче
Оф леле, бебе со карактер Ништо, немаш некои опции, само гледај да бидеш упорна и да не сака, нуди секој ден, па некогаш ќе прифати. Најди по интернет комбинации од овошје и зеленчук да го маскираш некако.
Ќе пробувам и тоа стварно не знам веќе што да правам. Од самиотт старт прави проблем со зеленчукот ама колку толку јадеше сега последнава недела ич. Со молење со играње пеење со лажење со тирста занимации едвај до 100 гр да стаса. Денес дали 5 лажички и после суво лебче гризаше пробав и така да му подметнам му макав ама осеќа и следен залаак не сака и пред да отвори ѕста за прва лажичка лизнува да проба дали му се допаѓа или не баш со карактер на татко му ист ни тој не јаде ништо речиси од зеленчук
Мајки гризот и оризот од хип ги користите 3 4 недели од како ќе ги отворите кутиите? Денес видов дека толку имале рок а јас дадов гриз и после 1 саат ми поврати обилно во млаз се мислам да не му е од тоа... Не давам посекако ама ми е чудно од што исповрати
Дали треба кога се пробува со 3 лажички првата каша од морков после тоа одма да се даде млеко? Ние денес почнавме со пробување 3 лажички бебче супер ги изеде, ама после тоа јас одма му дадов 150мл млеко, ама по некое време бебче ми поврати повеќе пати. Дали треба иста количина млеко или помалку да му давам? Утре треба ли 4 лажички да му зголемам?