Сестра ми пред 6г даваше вака и после испадна педијатарката се водела по книга од 1980 ( озбилно ова ја имам и ја книгата). На хип сокчињата му ги даваше ја не глеам логика во тоа
Па ситр скоро овде така почнуваме освен сестра ми за друг не сум чула. Редоследот е тој јаболко, морков, банана, слива, круша, кајсија, праска, тиква...симни си ја апликацијата бебе готвач имаш и како се приготвува и идеи за рецепти и да се водиш кога што се пробува отприлика
јас би ти препорачала да заборавиш на бебе готвач и да се вклучиш во хрватската група на фб - domace kasice za bebе и да се водиш по неа.
Групата е многу добра ама и многу опширна. Збунувачка е на почеток зашто има премногу информации, плус некои намирници се воведуваат многу рано како риба на пример, што ми е сфатливо за земја како Хрватска. Мислам дека бебе готвач е подобро на почеток за да фатиш некој правец кога се почнува со вкусови. За понатака дефинитивно има многу корисни информации.
Мене бебе готвач ми е outdated. Како погоре Милки што кажува дека педијатар советувал по книга од 80тите, така и ова. Има планови за почеток на дохрана во посебен фолдер. Ги разгледуваш, бираш еден и тераш. После ќе си фатиш ред. Ќе следиш објави, мислења и ќе влезеш во шема. Зошто е рано риба? Јас здравје, да завршам жолчка, ќе дадам тоа.
Outdated е за алергените, инаку за првиот месец таман си е, баш основните се дадени. Риба во Хрватска даваат на 6 месеци, ние тогаш почнуваме со дохрана.
Групава препорачува почеток на дохрана со 6 месеци и дека се може од старт. А зошто ти сметаш дека е рано?
Зашто ако почнам со дохрана на 6 месеци (јас почнав на 5м) треба време да воведеш прво основно овошје и зеленчук, житарки, постепено глутен, месо и после се алергените. Јатки и јајце воведов на 9м, риба на 10м, јагода 11м. Јас не би дала риба на 6 месеци, која има храброст нека дава
Таман ти е рибата на 10 Јагода јас порано ќе дадам дека баш сега сезона им иде. Ако не, ќе треба другата година свежи јагоди. Јас не гледам штета во рано давање, ама не би ми била приоритет. Јас воведував храна по некоја логика како и што иде заедно во комбинација за да има комплетен оброк. Рибата тука не ми се вклопи. Да бев во поморско подрачје, веројатно поинаку ќе мислев.
Па да, баш затоа реков разбирливо ми е за нив дека се на море. Најубаво е прво да се проба тоа што го имаме ние. Сигурно дека може и на 6м да се даде риба ама да имаш гаранција дека се ќе биде во ред. Јас од брокула се плашев на 6месеци дека мака имавме со грчеви. Стварно во групата има многу добри совети околу спремањето на оброци ама мислам бебе готвач е попрегледно и поблиску до нашата исхрана ама само за првите 2 месеци. Понатака си идев по мое.
Женски овие ли се за од старт први што може , и просо само просо ќе треба по маркети здтавје да бараме , а тоа поима неам ни какп изгледа ни ништо , неам купувано за ќерка ми
За палента ти предлагам обична. Можеш во дм био палента да земеш за 3 минути е готова и поубава од оваа на хип. Семолината е ок со овошје ама 1 кутија истрошив и веќе не ја купив мислам џабе ми беше при толку житарки. Овие другиве не знаж што ти се...? Овесот го дадов на крај на 6ти месец негде глутен воведов
Прв пат денес изеде овесна каша со праска, околу 100гр. Ја нудев до сега чиста или комбинирано со друга овошна каша, едвај 2-3лажичиња пробуваше. Дефинитивно праска и батат се омилени засега.
Нема Дм кај нас затоа овие ги гледав , а тие од Дм ги видов во групана и се мислев дали да ги нарачам да ми ги донесат дали се потребни на старт. За малата и јас од кутииве некој пат да земав после обична палента и варев и гриз тој со бебе на слика што е пакување, ама тоа пред 4г сега незн дали уште се тие ок Па и овие новите чуда сега да бидам у шема и јас со амарат киноа шо ти знам
И јас давам бебе гриз тој истиот а за овие од дм побарај кај тебе во поголените маркети во делот за био сигурно ќе најдеш нешто да не мора да порачуваш. Киноа и амарант јас не давам ги оставив здравје за после 1г ако тогаш воопшто сака.