Имаш во Зегин на Холе овес и ориз органски и без глутен. Минатата недела купив за ќерка ми, околу 140ден 400гр.
Ви се обраќам со најглупиот проблем досега пишан овде... Не успеав денеска убаво да испасирам јаболко. Го ставив парчето во нутрибулет, мала чашка, на парченца го исецка. Го гмечев после тоа со вилушка, со лажица ама пак не го добив она што го сакав. Што погрешив? Не го сварив доволно?
Вода да не немало доволно за да испадне како паста. Можеш малку твое млеко или водата кај што се варело. За сварено не е затоа што доволно е само да се обари некоја минута
Ах, не ставив вода во нутрибулет, отпосле додавав Ништо, утре ќе се обидам повторно а можеби и не.. се појавија бубулички
Не верувам, само по боди на кратки е, дома е 26 степени. Ќе почекам до вечер да видам дали ќе ги снема па утре ќе видам што ќе правам..
Што давате за вечера? Педијатарот ме советуваше житарки со зеленчук,ама немам идеа што да давам. Некако не ми иде моркови, компири да давам
Јас давав млечна житна каша, имав дома секакви житарки и малку ги варев да омекнат, убаво ја цедев водата и на крај мешаш со млеко. Еднаш се зезнав со банана плус и детето беше активно како ред бул да испило
можеш во маркет било кој да најдеш. Сигурно има био дел и од таму земај. На сликата имаш овесни снегулки, овес цело зрно и испукан амарант - тој иде директ во каша, не се кисне, вари и слично. Вода или малку било Купи си тегличка за 2 лажици, не си отворај работа најдосаден дел од денот Палента, тарана, гриз, а преку лето дека надвор најчесто тегла.
И ние стартуваме порано со вкусови со бебе,па гледам има доста промени во поглед на редоследот на намирници и порано воведување на алергени од пред шест години кога почнував со големата, што во секој случај ми се допаѓа. Сакав да ве прашам дали за секоја работа ја воведувате три дена или може и по два дена,оние што не се алергени? Исто сакам прво ручек да воведам па после доручек,дали е ок така? И ако може да ми предложите какви лажичиња користевте на старт ,некои што се добри за почеток.
Денеска баш ми се виде многу работа за 2 лажички. Ќе пробам уште утре да видам дали ќе можам подобро да се организирам, ако не успеам тегличка не ми бега
Со што би почнала за ручек и кое време планираш да даваш . Нас рано ни е , тек сеа за некоа ден е 4м , планирам од 5м да почниме , па се спремам со забелешки , идеи за оброци уште сега Да сигурно тинекс ќе има , ја не сум гледала никогаш тој дел овошје зеленчук , се сме имале домашно за момата , од житарки основните ги зимав само. Ама сега поинаку планирам да правам за бебево и уште сега се окупирам со се
Јас дадов јаболка и круша од готова кашичка,ем дека не им е сезона и мислам подобро така,исто и тиква така планирам,а зеленчуци има па ќе правам дома. Па мислам тиквичка,морков,батат,ориз, брокула така нешто за почеток, ручек ќе ни биде кај 14-15 часот,оти сабајле во 9 појадува. За житарки види во Зегин хелти ако имате или во овие за здрава храна Грин фуд .
Урми кога се воведуваат? Праска утре ќе давам. Да ја варам или свежа? Досега се беше варено или на пареа.