ја би варена. Само имај на ум дека е киселкаста. За мене праска секогаш била благо овошје, дур не дадов на бебе. Тогаш сфатив дека е киселкаста. Исто и кајсија. Затоа веројатно нема кашички со бланко кајсии/праски, а кајсијата е со шеќер
Минатата недела кога пробуваше кајсија едвај ја изеде, правеше кисели фаци. Имам предвид за праската, ќе ја дадам со банана и авокадо, сигурно ќе му се допадне. Затоа прашав и за урмите, освен банана да сменам засладувач.
По колку вода пијат дневни бебињата на 11 ипол месеци? Мојата 2 шишиња од по 120 мл час и вода од 120-150 мл. Се плашам да не е многу
Кромид кога воведовте? И месо планирам деновиве бејби биф да земам по колку гр да ставам за во кашичка? И дали на коцки исецкано свежо да го замрзнам остатокот или варено?
Ако е ептен празен и ако нема вода, нутри булетот не меле, не ги фаќа намирниците. Во принцип не е ни грешка да даваш храна со текстура, дури е добро бебе порано да се учи да се снаоѓа со секакви текстури. Ориз гриз бисквити (има без глутен шеќер итн) и секакви житарки со млеко и какао кога ке воведеш. Имаш доста избор на инстант каши на хип. Домат и пиперка 9+. Диња и лубеница околу 11 м. На почеток чико со силиконски врв, а потоа бејби лов дм, најевтини, ги фрлав штом ке се избојат и изгребат од гризење. Прво се што ке дадеш, давај го варено. Свежо давав по 9 10 месеци.
Кромид и лук 8 или 9 не паметам. Секаде пишува по 50 гр ама за старт е многу. Прво дади од водата (каша со неа направи) во кое се вари месото. Најдобра опција е целото месо што ке го земеш да го свариш во експрес лонец. Потоа во пластични чашки замрзни си месо и вода. За почеток 100 гр на 3 делев.
Во глобала млечно нешто,житарки со млеко АД ,гриз со банана и млеко и какао,овесни со јогурт или кисело млеко,тарана,јуфки,сутлијаш,а надвор и од готовите ноќни каши.
А кое време ви е вечерата? Се мислам да го поместам доручекот кај 8:30 за да може порано да вечера, вака јаде мн за ручек и не ја сака вечерата.
Едно прашање: Ако воведам кисело млеко значи ли тоа дека сите млечни проозводи ми се воведени или посебно ги воведувавте и урдата, и јогуртот?
И јас тоа нон стоп се прашувам, да го оставам може и 300мл деновиве вода да испие во денот па ако не и повеќе а нема ни 8м. Од една страна жал ми е што му го зимам шишето од друга страв ми е да не е многу а внимавам давам после оброк и знам дека не е гладно ама си пие
Majki...ovosje Kako zamrznuvate...na primer visni,kapinki,malinki,ribizli,slivi,praski....Dali prvo se mijat pa da se iscedat I izvadat semkite...Ili I'ma drug nacin...isto I za zelencukot...Dali go miete,cistite ubavo pa zamrznuvate Ili Samo zamrznuvate....Prasuvam zatoa sto uste ni e rano za ishrana ama ke imam nekoi domasni raboti pa sakam da gi zamrznam
Ај и тука да прашам за производите на Лино. Неколку пати ве читам дека нема додаден шеќер, а читам во хрватската група дека се строго против било кој производ на Лино. Му правам од кутиите на Хип, Холе за вечера ама почнува да ги одбива, па се мислам со што друго да пробам. Да ми кажете каков е составот на Лино, кои ги давате? Моментално имам проблем со исхраната зашто почна да одбива многу работи што досега без проблем ги јадел.
Ја земав фрутолино читам си пишува во состав дека има шеќер. Планирам да користам дури сум на одмор или кога немам време да готвам. Хрватската читав дека и против готови каши се т.е. претежно прават самите. Во градинкиве претежно лино даваат колку што знам не е дека е изговор ама нема бегање од лино. Кај внук ми тоа им даваа на 1г кога почна, кај вас во градинка со што ги хранат?
Нема такви работи барем така пишува во менито. Доручек снегулки, палента, гриз некогаш со овошје, некогаш со зеленчук или жолчка, ужина овошје, ручек зеленчук со месо, после дремка супа имаат секогаш. Алергени нема. Јас почнав по малку шеќер и сол да му давам ама ме полудува со ова јадењето, вчера 3 оброци фрлив и на крај крекери јадеше за ручек Не знам веќе што да готвам.
Правиш истото ко за тебе? Да пробаш заедно на маса истото јадење ако веќе не си пробала и тоа. За вечера некоја попара со бисквити ако не ги сака со ад можеш да пробаш веќе со тетрапак... нешто да му промениш изгледа му досадило. Ептен нервира така кога се фрла. Знам внук ми еден период беше само на пржени јајца на око ништо не сакаше само така да мацка Епа да тоа скоро сите деца го јадат најлесно им е
Пробано се, така функциониравме досега. Јајце, риба, леб му беа омилени, сега кога ставам пред него ми брчи со устата и врти глава Тие кутиите и со ад правев, тетрапак, вода и не бре брате, ги фрлив сите. Се надевам дека е период.
Од сите што сум слушала кога се во фаза на проодување не јадат ќе си фати ред ако ништо во градинка ќе јаде или огладне па дома ќе јаде .