Президент несолен. Повеќето мајки овде тој го користат, како што имам прочитано... Плус вкусен путер е...
Јас користев Нан на Нестле. Најевтина варијанта ми беше тогаш зашто од Хип млекото се грозеа. Една кутија за цел месец, но и остануваше па ја фрлав. @Vojdana кисело млеко на Бучен козјак барај. Само тоа остана најасално со кајмак одозгора. Мижеш буквално со што сакаш да комбинираш: житарици, овошје (како овошен јогурт), ориз со спанаќ, палента со жолчка... Овесни најлесни се како снегулки да се спремаат. Цело зрно да свариш е еден цел век
Мајки, вчера читав еден рецепт од Бебе Готвач за доручек беби сутлијаш, за 7+ и се спрема со 2 лажици ориз, банана пола и адаптирано млеко. По желба се става цејлон цимет одозгора... Е, сега не знам колку е добра идеја да го спремам ова со ориз на Холе со тоа што може оризот и бананата да направат запек...Дали и друго овошје да ставам, пример јаболче на пареа и слива или не оди тоа со ад млеко?
Луѓе во домашните кашички ставате ли масло? Сакам денес од батат да му направам ама немам масло за бебчиња, до сега купени му пробував, ќе може без масло?
Банана кога ќе даваш гледај да биде убаво созреана т.е. да биде со точки така нема запек да направи и можеш ад ја на почеток му мешав во овошјето. Ја сум ставала ако требало густина да добијам 30тина мл отприлика @BabyD0ll од 6ти мес му ставам 2 3 капки маслиново во ручекот истото и ние што го јадеме. Таму сигурно имаш бебешки од репка на хип или друга марка се уште подобри. Иначе можеш без масло дотури ад ако не е доволно густо
Оризот не прави запек само како што ти кажала Милки гледај бананата да е зрела, зелена банана прави запек. Инаку, иде слива и јаболко со ад.
Јас го направив со оризот од хип ова, превкусно беше. Во вода растворив аптамил па ставив ориз 2 лажици и го мешав да се згусне, па додадов банана блендана и цимет инаку иде АД со овошја без разлика што е
И твоето ќе оди во Орце? Мојот од понеделник почнува.. ме нервира и мене и чоколино и шеќери што даваат, ама немам друга опција..
Мајки, ги читам мислењава за градинките..И моево дете на есен го чека државна градинка... Мое мислење е дека на шеќерите не треба да се гледа како на смртоносно зло...Но, треба во што помала количина да се даваат, да не се претерува...Ниту едно дете не настрадало од Чоколино оброк или од обично чоколадо... Сепак децата кога ќе дојдат дома ќе имаме време да направиме и еден домашен топол и здрав оброк до вечерта... Мене за градинкиве повеќе ме плаши од какви намирници им спремаат готвени оброци. Сигурно не купуваат како нас органски житарки, не прават домашна урда и не ставаат ладно цедени маслинови масла со БИО ознака, во оброкот...Бог знае од каде набавуваат намирници најефтини... Чоколиното е најмал проблем, ако е она на Подравка, барем му го знаеме потеклото на производот или Лино кашичката исто...
Јас не знам што е со градинкиве работава со вакви нездрави менија. Па толку ли е тешко ориз да се стави во рерна,поголема количина, потоа внатре неколку јаболка што се печеле во истата рерна,или круши што да е... ова каша да се направи, ете ти здрав и едноставен оброк. Наместо обичен чоколаден пудинг полн со адитиви и конзерванси,вештачки бои - банана, какао и просо. Од овие три состојки се добива еден здрав пудинг кој воопшто не се разликува од купечкиот. И авокадо да се додаде е уште повкусно, ама ајде тоа скапо им е сигурно. Ама без него не е тешко изводливо.. Мислам барем мене чоколино ми е крајна опција. Не е за чудење,државна градинка и се е можно.Ене во Куманово мислам дека беше 10тина дечиња добиле труење од некоја од намирниците.Значи според ова контрола никаква нема што им се дава. 6+++ Д:кајсија,банана,гриз Р:карфиол(2 ден), 2лаж.палента, тиквица
Јас прочитав 30тина деца од кои неколку во болница. Салмонела возрасен тешко ја поднесува а не дете. Ке го чувам во стаклено ѕвоно додека можам.
Немаш потреба од стаклено ѕвоно, имаш избор на градинки и ќе се распрашаш. Ај разбирам треви или Лино да коментираме ама за мајонезот нема простор за дебата. Срамота.