За се нема простор за дебата. Не е нормално во градинка да даваат најнездрави оброци што може да се дадат на дете. Ај ова, ај она, многу пропусти. @kukla21 кажуваше дека ни во двор не ги извеле на убаво време. Некои немаат можност да бираат градинка. Ако одат со автобус, каде ке шетаат дете од една населба во друга?
Се си во право. Ама! Тоа не треба да ни е изговор детето дома да е. Детето треба да е со деца. Таму припаѓа. Сите заедно треба да се бориме за промени. Со седење дома, ништо не правиме.
Апсолутно. Јас планирав да го пратам на 2 год ама со ситуацијава ке почека до 3. Не оставив работа за да го чувам, така се поклопија коцките.
Имаш среќа што можеш до 2 па и до 3 год да го чуваш дома. Јас немам, немам кој да ја чува, не можам да седам и од дома да работам, не ми е таква работата, а жена да викнам дома не би. Така да градинка апсолутно, башка што сакам детето со деца да расте и да се дружи.
Знам, знам, истото го мислам. Да се добри условите, би го пратила без да мислам. Многу работи се за никаде, прво јадење (мајонез им давале), до воспитување (не ги водат надвор и кога е убаво времето), настинки (некои мајки ги праќаат настинати, не можат да земат денови и ке останат без работа). Читав некоја членка пишува дека со исти патики од надвор се играле внатре. Нема кој да ги стегне, да поработат на некои работи, да вработат персонал, нови градинки да отворат.
Девојки рукола кога се воведува? Сајкоски уште пред два месеца ми рече дека била многу здрава. Истото и за свежо нане го рече, ама дека имаат интензивен мирис се мислам од кога да ги воведам и по колку се става во кашичка? Исто и за магданос ме интересира кога го воведувате? Пишете ми искуства, кои зачини кога, и по колку ставате?
Зелени зачини почнав мислам од 8 месеци и ставам додека се готви по малку. Значи оригано, босилек, магдонос, бибер, лук, чубрика, медитеранска мешавина, копар...
Мајка ми работи во Вера Циривири, тие имаат мени за две недели кое го повторуваат. Доручек, ужина, ручек, ужина. Првата ужина е секогаш овошје, втората може да е сутлијаш, домашен пудинг и такви некои поблаги работи. Нема мајонез, сувомеснато, чоколино, и за поголемите се готви без сол, не само за Јасли. Памтам за оваа недела ми кажуваше дека за поголемите имале доручек лебче и намаз направен од сварено сецкано пилешко, павлака и нешто друго заборавив. Постојано имаат активности надвор кога е убаво време. Последен пат цртаа заедно со големите надвор големо не лути се човече во двор и играа. Нејзините колешки само чекаат убаво време за да изнесат деца. Изгледа не е секаде вака.
Мајки, го воведов киселото млеко на Бучен Козјак и супер го прифати...Сега утре сакам да дадам палемта со кисело млеко и земав вакво нешто- Дали може ова да го дадам? 7+
Како ја правите палентата со кисело млеко? Поточно во кој сооднос ставате кисело млеко и топла палента? Може ли 150 грама оброк да направам од палента и кисело млеко и малку путер?
Мајки се извинувам што ќе Ви се вмешам во муабетот, но верувајте дека ни во приватните градинки не е сјајно.. еве ние имаме мнооогу лошо искуство со СВЕТОТ НА КОЛОРЕС
Од 8 месеци полни. Вечера со нас, околу 19:30 Вечерата е слична со ручекот, ги менуваме само протеините. @BabyD0ll јас ставам по едно мало лажиче, без разлика дали кашата е 125 или 150 гр. (Не од истово масло)
Дали пченкарен гриз комбинирате со зеленчук? Од житарки воведов овес, палента и денес пченкарен гриз 1 ден. Првите две ги давав со овошје, но сакам малку да сменам но не знам како да го искобинирам со зеленчук.