Моево беше на комбинирано до 3месеци,сега е само на ад. Две докторки ми рекоа од 4 и пол месеци да почнам.
Денес за ручек немам некоја идеја со оглед на тоа што неколку зеленчуци имам воведено. Месо од петел не знам дали е паметно секој ден да давам, менував еден ден батат како основа, а друг ден млад компир како основа за ручекот.. Денес сакам да дадам за ручек: ориз Холе со кисело млеко, тиквица, путер, малку кромид и карфиол... Дали сте давале ваква комбинација? Сабајле дадов Хипп пченка со круша, слива и јаболко... 7++
Можеш таква комбинација и плус блитва ако имаш дадено или да воведеш. Пробај и со обичен ориз, да го научиш таков да јаде, нормално блендиран
Од зеленчук што друго да дадам на почеток,проба морков,батат и тиквица или да продолжам со некоја житарка,ориз,пченка? И давам по две три лажици,ама некако повеќе сака, покажува интерес како за почеток,се возбудува,радосна прета со раце и нозе,мммка,пее,ми ја држи раката со лажицата да не и ја тргнам, многу е смешна
Блитва ми е следен зеленчук за воведување...И овој ориз Холе да го потрошам ќе му земам зрнест обичен ама органски... Јајце планирам од 8 месеци да почнам...
Мевце мислам не треба секој ден, ротирај преку ден. Јас го давам 3 пати неделно преку еден ден, пилешко,јагнешко,телешко секое по еднаш неделно, 2 пати неделно риба пастрмка сега за сега, 2 пати неделно жолчка, ја воведов пред недела дена лично јас по набрзина вие можете постапно, жолчка кога има ја давам со блитва, или друг зеленчук и палента со кисело млекце, не мешам по мн намирници не ми јади така. Се надевам ти помогнав малку. Ние сме 8+. Мајки оревчиња, бадемчиња мелени од кога почнавте?
Сајковски ми рече да ставам свежа, денес ја обарив малку, дека прв ден. Не знам дали смее да се замрзнува?