Утре за доручек ќе воведувам овесни снегулки за прв пат. Дали да дадам малку, само една лажичка или нормален оброк да направам со 2 лажици и овошје ?
Мора оброкот да содржи две лажици житарки? До сега спремам една лажица житарка и две овошја најчесто. Да не треба да појачам на житарка или кога ќе порасне бебе тоа? Сега е 6+, имаме само доручек.
Мајки денес првпат дадов месо. Околу 25-30 грама и го измешав со батат, кромид и морков. Кога изблендирав испадна кашичка од 140 грама и си ја изеде цела. Прашањето ми е во кој сооднос треба да го мешам месото со зеленчукот? И дали да дадам и утре пак месо или може преку 1 ден?
@kanella житарката треба да е 1/3 од количината на оброкот, независно колкаво е бебето, штом има житарица количината е таа. @Lovebug01 месото на почеток доволно е околу 30гр. Зеленчук колку што мислиш дека ќе изеде,околу 200гр и плус месото. Не секој ден на почеток додека да навикне. Јас денеска блитва ќе давам првпат.
Исчистени и измиени стави ги во послужавник и во замрзнивач. Откако ќе се стегнат ставај ги во ќесички. За да можеш понатаму една по една да вадиш да не ти се залепат
Една третина од оброкот треба да е житарката. Е сега не мора прецизно да се мери ама ќе си видиш по количината на овошје. Моево е 7++ и сега ставам 2 полни лажици житарка, а на 6+ ставав по една бидејќи и помалку овошје јадеше тогаш... Воведувам овесни снегулки денес и се надевам добро ќе поминеме и се надевам не избрзав. Во програмата од педијатарката ми пишува дека може овес после 6 месеци,а глутен со 7+.
Мајки прв пат ке пробам тиквичка дали да ја дадам чиста или да ја измешам со компирче дека веке ни е пробано тоа, се мислам дали ке му е слатко скроз чиста тиквичка
До кај стигна ти , како терате Пиши да дособерам идеи ја за 3 недели почнувам , планирам и јас со ручек да почнам
Почнавме со пробување на вкусови, но бебе се мршти не сака да голтне. Го чува во уста и кога устата ќе и се наполни со плунка го плука. Совет што да правам.
Нормално е, прв пат вкусува друго освен млеко. Не форсирај, но давај му секој ден по малку, колку што дозволува. Со тек на време ќе почни да си јади..
@Vojdana се водам според табелата што ја имаше ти прикачено овде. Во табелата од 6-8м пишано е само на неколку продукти од точно колку месеци да се воведат. Сакам да те прашам што воведе ново во 6м?
Како да пројаде малата зеленчук,значи никако не сака.Пробав ладно-топло,потечно-погуст,да држе нешто во раце,без играчка,во количка,релаксатор...менував лажички абре никако. Имам воведено само компир,тиквица,морков батат.И само јаде батат со тиквица и една лажичка ставам од готова каша морков на Хипп,бидејќи чист морков не јадеше.Неможам да воведам друго,бидејќи уста не отвара 6месеци е ( од 5 почнавме со дохрана)