Кога воведовте два оброка? Јас моментално давам само ручек, следно ќе треба доручек и ручек? До кога така? Што се јаде за доручек? Житарици? Изгубена сум Моментално давам зеленчукови каши и овошни да избегнам запек.
Па моментално банана и давам , уште компир ми остана па ќе почнам да и мешам зеленчук постепено, понатаму и брокула па ориз и пченка ама од кутиите инстант ќе и дадам прво. Се што и дадов,се бендиса и бара повеќе,ама има време не сакам да ја брзам. Колку време имаш воведено ручек? Мислам дека после четири недели од првиот треба втор оброк.Доручек се дава овошје со житарици.
Втор оброк се воведува после 4 недели од воведен прв оброк. Пример јас за појадок давам овошје и овес, а за ручек зеленчук и ориз или просо..
има две недели, добро уште две недели ручек па после ќе почнам и со житарки. Месо кога? Гледам на кашичкиве пишува 5+ Со месо ама сеуште му немам пробамо. Бебче е 5 месеци и две недели.
Месо мене матичната нејзина ми рече една недела пред да направи 7м, со телешко т.е. водата од кај што се вари месото. Неколку дена така па после со од прилика 20гр месо и си накачуваш на грамажа постепено.
А ова житариците, оризот, гризот и тн сите се прават со вода или со формула? На кутиите позади ми пишува и со вода и со формула може..
Ах таа лубеница сега е сезона, маж ми го зеде синко и како што јадеше тој лубеница и му даде на бебе да шмука, тоа па плачеше за уште. И навечерта не ми спиеше и јас него го правев крив, “давај пак лубеница” му викав.. ама не вервам да беше до тоа, само да му ја јадам душата малку нп.
Да,секако може.Ако ги мешаш со овошје со вода направи ги,а со формула можеш кога ќе воведеш вечера дека тогаш ти треба млечна каша.
Вечера кога се воведува и што се дава за вечера? Има едни кутии тука пишува “guten nacht“ Житарици се дава?
Шмукаше малку од неговото не му дадов каша. А види ова за пиење е нешто од 10 месеци, скроз сум изгубена жими се
Па најчесто треба да е млечно нешто било со јогурт , кисело млеко,житарици,гриз такви работи.Мислам дека од 8 ми месец се воведува, уствари зависи кога сте почнале со дохрана, растојание од четири недели. Отвори во темата за денешно мени,има идеи ќе видеш што дават мајките Тие кутиите се ноќни каши колку што гледам.
Мајки за кашичкитр на хип со интегрални житарици треба посебно тоа да воведам? Пошто и овес и пченица имам веќе дадено
во суштина се треба посебно. На првата ќерка и дадов од страрт хип мешани житарки. Консултирав и педијатар и ми кажа, ако има проблем, ќе почнеш една по една, да елиминираш. Ако немате историја на алергија во фамилија не би требало да е проблем, ама внимавај.
Од 5 месеци дадов вкусови по неколку лажички. На 6 воведов доручек- овошје со житарка. На 7 ручек- зеленчук со компир или ориз. Инаку од млеко, само цица. Јас па сакав да прашам телешко месо и глутен кога воведовте ?