Да и јас му пробувам по неколку лажички па од 6 месеци ќе успееме изгледа цел оброк, моево и не сака зеленчук многу, многу пати плука и мене катастрофа ме прави цела за туширање. Прееска од броколи не знам и 20гр дали изеде ќе повратеше, па се потресе некако му се згрози.. А крушата ми ја јадеше најмногу до сега и бараше и му дадов 125гр ионака доста течна беше.
Телешко воведов на 6+++ првиот ден дадов само од водата што се вареше (напраив зеленчукова каша со неа) а од наредниот ден додавав и месо 20-30 грама Глутен ќе воведам со 7 полни.
Во хрватската група читав даваат кога им е сезона, во списокот над мислењево стои 8+, јас и дадов да проба на 6+ во оние шмукалчињата со силиконско клунче
Веќе 2 месеци имаме само доручек, сега сакам да воведам ручек. Па ме интересира дали треба да има млеко помегу двата оброци? 6++ сме, почнавме од 4++ Логично ми е да има, ама пак да прашам како вие постапувате Каков е вашиот распоред на хранење
Да. Рано наутро млеко, па доручек, млеко, ручек, млеко, вечера, млеко пред заспивање. Понатака со вовед на ужинки, ќе го замениш млекото
Ич немам идеи за вечера вртам хип инстант кутиите, палента со ад и бебе гриз со ад... Дали давате јогурт/ кисело млеко за вечера? Малиот ич не ги сака не знам како да му ги комбинирам или тие е подобро за доручек? Ако ставате јогурт и кисело млеко комбинирате со житарки ?
Јас давам палента со кисело/јогурт, просо со истата комбинација, додавам некад тиквица, овес со јогурт, спелта исто... Нема баш избор, го вртам истото ама бар почна да јаде, а на почетокот се мрштеше. Инстант не давам веќе, не ги сака, џабе нервози, ни па готовите ноќни
Ова и за вечера го даваш? Си мислам јогуртот навечер да не прави проблем или не? Си ја пробала банана какао готовата на хип? Или општо да зачинуваш со какао ептен ја сака мојот таа се дави
И бананата и какаото го пробавме и нема шанса, не ги сака. Кисело давам скоро секогаш, до сега немала проблем.
Една ужина воведив на 8+++ и сега треба да воведам друга и ние сме 10м и ад даа му е само за пред спиење и во текот на ноќта. Али никако да ја воведам
За вечера и мене ми е најтешко. Врти врти се исто Сега давам тарана без јајце со к.млеко или јогурт Гриз со вода дома варен не поминува. Купечки да Некои инстант од хипп ноќни каши и се тоа па тоа. Хипп бисквити со ад млеко покиснати. Единствено што сум запамтила дека освен банана да не се дава овошје за вечера. Палента не обожава ни со к.млеко ни јогурт
Давам и за доручек или за вечера, кога како. Се дави во јогурт во секакви комбинации, и со житарки, и со овошје.
Гуглав и на интернет, пишува да знаел да џвака да не се удави, плус семки не. Кој би дал семки побогу?