За вечера давам од инстант кашиве што се прават со ад, користам хип ориз,хип пченка,холе овес,холе 3 житарици и ванилино на лино, ротирам од нив. Не сака ни к.млеко ни јогурт така да на ова сме. 8 и пол мес
Јогурт и к.мл и кај нас не поминуваат, не задавуваат дури. Хип ориз,хип пченка,холе овес,холе 3 житарки и ванилино на лино,тоа е се,ротирам од нив, некогаш плус пасирана банана или јаболче печено или тиква печена. Земам само од кутиите што се прават со ад, е сега по грешка сум зела хип бисквитна ама гледам се прави со вода, дали знаеш дали би наштетила ако ја подготвам со ад, исто користам хип комб млекце? Работава е да внеси млеко повеќе,пие само 3 шишиња дневно по 170мл. 8 и пол м сме. А кај нас тешко поминуваат кашите без ад и оние со мн продукти измешани, наутро со гриз,палента,овес,просо варени на вода па морам да додадам барем 30мл ад, овошјето посебно од житарките и се служи на госпоѓата моја
Isto sme isto i od ovosjeto sjademe samo krusa jabolka kajsija i morkov drugo se pluka. Denes probavme kasicka gris so banana ne go jade
Мајки што давате за тврда столица? Од кога почнавме 2 оброци мака мачи секое какање е до напнување и тврдо давам чајче, секој доручек скоро има и круша ама само од сливи се искакува асално но не ми е решение секој ден сливи да давам... Матичната сируп isilax bimbi ми препорача имате искуство?
Палента со кисело млеко, или кисело млеко со некое овошје му помагаат кај мене, исто мака мачи со тврда кака некогаш, и ова ми помогна да не му давам само сливи секој ден. Една пријателка ми кажа и од тиква дека лесно какале ама јас уште немам пробано и не знам.
Пробај дај и ја така хип бисквитата е многу убава мислам бена да ти ја одбие. Ако не ја сака додај 30мл во неа,мислам да не ја правиш со ад дека веќе има не знам како би личела ако не е со вода направена. Инаку 8м е мојот исто пие 3 шишиња во 200мл готов оброк педијатарот рече дека е сосема доволно
Ја зачитав дискусијата во темата за давање вода/чај па ми текна да прашам тука, да не грешам нешто. Почнав да давам вода на бебево на 4+++, дента кога почна со вкусови.. Давам откако ќе заврши со кашичката или измеѓу лажички, зависи. Максимално што има испиено се 30 мл. Еднаш пробав и во друг дел од денот да дадам вода, си викам да не ја мачи јадењето ама не сакаше и се откажав. ОК ли правам?
Сега е топло па нуди и може и една голтка ќе се напие Јас постојано нудам зашо се става во уста се лигави многу плус надвор прошетки и ми е страв да не дехидрира па почесто му нудам Давам и после јадење да се напие и си пие
Да прашам следна недела треба да почнам со телешко читав дека зимате поише варите замрзнувате... После кога треба да направам ручече како го одмрзнувате?
Јас премногу се плашам да не дехидрира, јас не знам што дете имам вода воопшто да не сака да се напие ни чај, пробав и сокче и тоа не сака, од течности само млекото му е, многу ретко да испие 10-20мл вода.
Давајте луѓе идеи за кашички ама да можат да стојат од вечер во фрижидер ? Неделава ја поминавме што правено што купечко ама з наредна недела ќутук сум ништо не ми текнува...
Јас во теглички од 120гр го имам замрзнато со бујонот и вадам сабајле од фрижидер се одмрзнува брзо и турам во тенџерче се што планирам да дадам дента и се вари се заедно со мевцето
Па можеш пример за доручек со овошје кога немаш идеа кога што да даваш. Не знам дали е ограничено да се дава или не и колку. Пример еден ден нека е овошка со житарици(кога ке воведеш глутен) друг ден овошка со гриз... барем јас така менувам