@BabyD0ll @MorskaSirena Оризот се подготвува со 100мл вода. Се врие, се остава да се излади до 50 степени и се ставаат 3 дозерки (или лажици) од оризот. Зеленчукот го правам на пареа. Кога ќе е готов го блендирам и додавам 1/3 ориз од вкупниот оброк. Заедно не ги блендирам за да биде по густа кашата, така мојот и ја сака. Сирена, јас не би дала два нови вкусови наеднаш. Секој вкус по 2 дена воведувај го.
Јас пошто немам чинија за на пареа да го подготвам морковот, ќе го кувам, а може и ќе додадам батат, п ќе ги изблендирам и ќе ги додадам во веќе подготвениот ориз. Фала ти многу. Се учиме сега прво бебче е. Ма да сакам да му пробам и од нормалниот ориз, ќе го сварам и ќе го изблендирам.. Ионака за себе никогаш не сум знаела добро да кувам , ама сега пошто имам дете морам да се научам.
Нормално е да сменува, да пробаш да му даваш пример 1 час покасно да не не е гладно? Ако не давај му за ручек па потаму можеш да воведеш појадок. Се препорачува да се даваат вкусови пред 12ч, ова за ако недај боже има алергиска реакција. Почнуваш со морков, батат, тиквица, јаболко, круша, слива, праска, кајсија, банана. Се даваат по 3-4 лажичиња на почеток и од кога ќе вкуси се можеш да почниш со мешање и еден оброк да се воведи.
Не, ориз и батат ти се како основа, односно житарка и скроб и одат 1/3 од вкупниот оброк. Тие ги ротираш, понатаму ќе ти биде житарка со овошје за доручек, а скроб (и/или месо) со зеленчук за ручек. Ориз и морков може да направи запек, јас му направив ориз+морков+брокула+мм, и не доби запек, ама откако прочитав дека може да направи, веќе ориз и морков не би комбинирала. До сега со ориз ги имам овие комбинации: - ориз+тиквица+блитва+мм (превкусно му беше); - ориз+тиквица+брокула+мм; Можеш и со пашканат, само малку од него, едно тркалце, убав вкус му дава. Добро си почнала со инстант ориз, па после обичниот. Така планирам и јас.
Ставам 3,5 филџани за кафе - вода и 1 филџан просо варам поклопено околу 45мин до саат за да биде помеко. Овоа го прочита во хрватската група и така го правам. Купив просо на био космос.
И тиквицата ја варам заедно со другиот зеленчук што го спремам, овошјето од почеток го варев, веќе не.
ако имаш домашно, проверено непрскано, не вари. Ако земаш на пазар/маркет дебело лупи и кратко вари/ пари.
Кога се даваат боровинки, цреши, малини и беби-бисквити? Гледам на кашичките и на шмукалчињата има од возраст 4+ и 5+ со овие состојки..
Прв ден давам чисто тоа што е ново втор ден мешам со веќе пробани намирници може и трет или нов воведувам некогаш
Просо ставам две лажици во зовриена вода околу 200мл и врие околу 25 (повеќе врие за да се распадне да неморам да ја блендирам го учам и покрипно да јаде 6+++ сме) Ако има водичка ја цедам со лажица Не го киснам одвечер го зимам на био космос од тинекс
Вариш посебно зеленлук и ако сакам да направам каша од 120гр мерам ориз направен со водам околу 40гр и ставам од сварениот изблендираниот зеленчук уште 80 гр и искача преубаваааа каша
Имал ли некој реакција на жолчка? Речиси 11 месеци сме, на синко му бев вовела жолчка претходно и се во ред, 2-3 недели по ред така, но потоа на два пати ми поврати. Не е од другите намирници во комбинацијата која ја дадов, бидејќи редовно ги јаде. Педијатар препорача да почекам месец дена пред повторно да дадам, јас решив да почекам 3 месеци. Денес дадов пак и синко после саат време почна да цивка и плаче, некој непознат, неутешен плач, а во принцип не плаче за ситници. Можно ли е да е од жолчката повторно, какви ви се искуствата? Се сомневам да не е алергичен, но можеби станува збор и за заби, бидејќи по првите две, еве веќе 4 месеци паузираме со вадење запчиња, никако да излезат...
Најпрво со јаболко, по неколку лажички 3 дена првиот ден 2 лажички па зголемував, потоа крушка, морков,слива компир,батат, тиквичка се така по 3 дена и наизменично давав овошије и зеленчук сега веке мешам јаболко и крушка, компир и морков... веке 2 нед скоро од пробување му давам една мала кашичка мерам во хип тегличка, денес дадов брокула со компир, 2 лажички само со остатокот компир поради тоа што прв ден брокула, утре планирам повеке на брокула да биде со малку морков.. Најубаво е на гладно да даваш пред млеко е сеа моето бебе несака на гладно никако и му давам измегу некаде 1 час пред млеко и ако се добро најаде малце му го одложувам млекото пола час 1 час, или ако ми заспие и повише