жени сега ве читам поназад за брокула, јас денес воведов прв пат а сме 5++, да не е рано, и авокадо од колку се дава
Утре ќе дадам јогурт прв пат. Можам така или со палента да го дадам? Овошје некое да ставам ли? Сигурна сум дека нема да го сака пошо не сака кисели работи.
Здраво, тие што сте кај Паскалов Виктор ми го даде распоредов кога бевме последен пат кај нив. Не сум сигурна дали добро го разбрав, намирнициве горе треба да ги воведувам самостојно по 3-4 дена или веднаш да ги мешам со нешто што веќе има пробано бебето? И дали треба да продолжам со давање овошна кашичка од сабајле а новиве да се пробуваат попладне (како што е напишано во распоредот подолу)?
2 оброк ќе воведеш чим ти дал ваков оброк, и јас идам кај него. Ќе си даваш овошна наутро, а за ручек зеленчукова. Е сега секој различно прави, викаат подобро да пробувате наутро поради алергии, ама јас лично аум воведувала и со ручекот па ништо не и биднало
Фала за одговорот Одма да почнам да ги давам во комбинација овие работи (ориз, компир, блитва...) или прво треба да се пробуваат само они по неколку дена?
Пробај со понеутрален јогурт кој не е кисел. Битолски не е кисел, јас со него ќе почнам од наредна недела. Со палента ми рече педијатарот. Можеш и овошје да ставиш, банана за почеток да му биде благо и да го сака вкусот.
Да прашам оризот на хип од кутиите за прв пат го дававте само него или мешано со нешто што веќе е воведено?
Вчера и дадов така ама некако густ и беше и го јадеше ама и пола плукаше.Ај денес со тиквичка ќе и дадам ,фала.
Со уште една намирница го дадов што сум ја вовела веќе, секогаш правам така немешам прв ден со многу намирници втор трет ден мешам со повеќе
Денес бев во ДМ. Си накупив кашички. Био дм и бејбилов. Кои повеќе ги користите? Не ја јаде храната во градинка. Па им носам од дома. Купечки.
Мене со тиквичка ми го исплука и плачеше бараше млеко. Повеќе некако овошје ми јаде и зеленчук само ако е со батат миксан или морковче, можеби кога ќе воведам месо ќе јаде повеќе зеленчук.. Еве уште две недели треба скроз да се науче ручек да јаде ама ете не сака многу зеленчук..