Јас многу се секирам уште малку влегуваме во 6ти месец, како ќе се откаже од еден оброк млеко не знам, треба ручек да воведеме вака ништо си плукаме мене катастрофа ме напрај еднаш цела за туширање. Морам одма месо да воведам...
Јас почнав со вкусови точно на 5 месеци и повеќе од 2 лажички не јадеше, и тие 2 со плачки рикачки беа. Никако не сакаше кога ќе видеше лажица бегаше со главата. Некој ден пред да наполни 6 првпат изеде едно овошно шмукалче од 100 грама. Па почна и зеленчуковитњ да ги јаде домашно приготвени ама ставав повеќе батат или молзено млеко. Преку ноќ пројаде. Ама и сега има денови кога ќе изеде едвај 50 грама а има и денови кога ќе изеде 150гр. Нудам после и да цица ама не сака, си се најадува. Не се секирај ќе пројаде
Бебе ми е 4+++ сеуште немаме почнато со вкусови. Здравје планирам од 5ипол/6 со зеленчук да почнам прво. Само ме интересира веднаш се воведува првиот оброк или не?
За да воведеш оброк треба да каде по минимум 100гр каша но они се малечки и нема да изеде толку на почеток со тек на време додека пробувате вкусови сам по себе ќе почне да накачува количина па тогаш ќе воведете оброк Јас после месец дена од пробување воведов така си покажа бебе
Денес мене ми исплука неколку пати, и со борби му дадов околу 80гр и за сат време цркна од плачење за млеко, му направив 130мл иначе пие 170мл. Никако не можам до 150гр каша,да стигнам. некој совет?
Има некои состојки што не треба да се комбинираат заедно? Пр. Месо-јајце, спанаќ-млечни производи...?
@kanella Месо и јајце не се даваат во ист оброк, во текот на денот можеш да правиш комбинација пр. јајце за доручек а месо за ручек. Риба и млечно заедно не. Спанаќ и млечни во еден оброк не бидејќи се спречува апсорпцијата на железо која ја има спанаќот, не се сврзува железото убаво. Спанаќ комбинирање со жолчка(ако имате воведено) или ориз. А знам дека е повкусно со млечно. Јас дознав дека не се комбинира уште кога бев бремена и денеска го практикувам да не комбинирам заедно. Едно прашање. Кога се воведува цвекло и грашок? бебе готвач вика цвекло 8+ а грашок 9+.Нели е касно тоа
На почетокот моево затварашд уста и немаше шанси да му пикнеш лажиче во уста, правилно или не хранилка земав зашо до тогаш го хранев во релаксатор дека пробувавме, хранилката пред тв и со цртани може не е најправилно ама ете така ми јаде, и точно знае кога му е доста никад под 100гр нема изедено Само поголема упорност може погусти гк правиш кашите пробај поретки колку да шмукне сам дека научени се ида да цицаат или од шише да пијат
Мајки како да пројаде малата..значи уста не отвара веќе скоро 3 недели Плаче,рева штом ја виде лажичката Пробав и да ја изгладнам...буквално денес имаше поминато 4ч од цицање реваше..на крај и се приспа и цицајќи заспа. Ниту овошна ниту зеленчукова сака...а домашни овошни не доаѓа во предвид.. Цица само на заспивање во полусон за денските дремки, што е многу малку подои некогаш 3-4 пати према дремките. 6++ Совет некој?Воопшто и не е напредната 2 месеца
Да пробаш да и пуштеш музика или цртан нешто што сака и така да ја залажеш да јаде, седната во хранилка пред тв или свртена со грб за да не се учи да јаде пред тв...Јас моите така ги лажам кога не сакаат им пеам, играм ... глупирам се само да биде мир во куќи
А да пробаш со blw? Kонтактирај ја @majkatakata на инстаграм она зборуваше како со blw се справила со нејзиното дете нејадач. Она и индивидуални програми прави само незнам колку чинат (мислам околу 50 еур)
прегладнето бебе не јаде Гледај да не е ни гладно, ни на јадено. без форсирање. Треба време на бебињата да сфатат дека треба да се јаде
Знам,сум пробала саат ипол после цицање,два два ипол денес беше врв никако не сакаше.Значи ја гледа лажичката и плаче. Да цица на барање не и се плашам,ама она само на дремките цица и само од лева..шо бебе ќе беше