Детево ми е сега 7+++. Сабајле дадов млеко околу 7 ипол, па доручек во 10, житарица со овошје. Изеде 180 грама. Околу 12 ипол-13 часот пие млеко... Ручек околу 15:30 -16 часот... Во просек толку и ручекот му е грамови, 180.. Околу 19 часот пие уште едно млекце... Е сега ние имаме и вечера воведено. Таа му е околу 100-120 грама, сега за сега...Околу 21 часот е вечерата.
Добро фала ти од прилика знам како оди планот сега. Тука воведуваат прво ручек па вечера ама ете бебче ми јаде доручек подобро. Кога воведе два оброци? И колку ад ти пие?
Мисиркино месо исто ли варите и замрзнувате на парчиња? Земав свежа тацна на перутнина, но 400гр е. Дали да сварам и замрзнам како што правам и со пилешкото и телешкото месо?
Вториот оброк го воведов на полни 6 месеци откако помина скоро месец од воведување на прв оброк. Сега пред една недела, на 7++ воведов вечера и све ова по насока на педијатарката. Оброците добро ги прифати, генерално јаде све што приготвувам. Денес воведувам и глутен преку пченичен гриз. Е проблемот е во ад млекото што последнава недела не ми пие колку што треба. Едвај 500 мл пие на ден, а ни тие не ги пие и све со молење...Во план сум да меннувам млеко. Хумана 1 пие, а двојка нема во продажба веќе два месеци...Не знам што да правиме... Јаа и цреша и вишна воведов последниве денови ама домашни. Убаво ги мијам и со се семката ги подварувам едно 2-3 минути, заедно со лушпата. Потоа омекнуваат, вадам семката и блендирам. Ако не се домашни подобро да не ја даваш лушпата....
Јас би го сварила и замрзнала на парченца во пластични чашки со водата што се варело, исто како телешкото. Многу ми е така полесно за подготовка после.
Тиквица со батат иде ли? И уште едно прашање, дали е вака паметно: 1 ден тиквица 2 ден тиквица + морков (веќе воведен) 3 ден тиквица + батат (веќе воведен)
Сакам да дадам тарана без јајца, треба да ја воведувам или пошто глутен имам дадено одма да си дадам?
И јас така правам, целото го варам и потоа го замрзнувам. Обично и јас земам 300-400гр, варам ама јас и одма го блендирам па го ставам во малите теглички од купечките каши, водата ја замрзнувам во ќесите за лед што се. Така правам и со зеленчук и леќа, секогаш си имам 4,5 теглички замрзнато за кога не можам да спремам во моментот само да разледам и стоплам. Практично е, плус еднаш блендер миеш не на секое разледување
Ново прашање Бебе е 5++. Јаболко, банана, круша и авокадо дадов. Праска и кајсија можам? А слива? Не знам што друго овошје би можела сега...