На нас вака ни е распоредот: 6:30-7- АД -200мл 10:30- каша 180гр 13:30-каша 180гр 17:45-АД -200мл 21:30-АД -200мл
Свежо испасирано, со зеленчук и со овошје. Не давам со јајце, не со путер, не со маслиново. Може со јаболко, со житарица, со месо сум дала, со зеленчук, во сос со тиквица и кромидче. Не повеќе од 1/4 во каша, и не повеќе од 2 пати неделно
Како што кажа кукла, или пак му додавам домати/доматно пире и го правам како сос за паста, може и плескавички во тава без масло или во рерна.
Какви готови месни кашички користите? Полека да се спремам за одмор, а за викенд кога шетаме да не готвам. Земав една пилешка од Holle, но во составот читам скроб. Има ли некои што се чисти по состав или сите се вака со скроб? Знам дека има комбинации оброк со зеленчуци, но ме интересира дали има некои само месо?
Дали може да ми кажете од каде и на која фирма можам да најдам кашичка со праска? Сакам да воведам како вкус ама не ми се купуваат од првите праски не знам какви се
Кога немаш опција за домашно/органско тоа е. Земам од маркет и јас. Штета што немаме маркети што имаат редовна достава на био продукти.
Па да немам избор многу намирници и онака не ги давам зашо не им е сезона чекам да искочат за да незимам кашички невикам дека е лоша опција напротив и докторката ме форсира за да проба секаков вкус, па и овие што искачаат сеа ако не ги дадам немма што да воведам Се туфкам и јас цело време ама тоа е
Мајки, воведовме глутен вчера со пченичен гриз. Дадов саат ипол после доручекот како десерт едно 50 грама со ад ...Супер го прифати гризот... Дали денес да дадам цел оброк гриз со ад и банана или да правиме пауза? @eta Војдан покасно заспива после 9 саат, затоа и покасно вечера давам. Тешко му фаќам ред со спиењето...И ноќе и дење е исто. 7+++
Не денес гриз. Ако си дала вчера, сега напрај пауза неколку дена, значи 2 пати во неделата, а потоа следна недела дај 3 пати, па следна преку еден ден. Не брзај со глутенот полека оди, а децата секако ги сакаат житарките и ќе јадат. Вечерата гледај најкасно 1-1.5саат пред спиење
Сега во Зегин купив на Хип, праска и банана, планирам така да ја воведам праската. Кога ќе имам домашни за некој месец, секако ќе и дадам за да ја вкуси одделно.