Блитва со што да комбинирам? Тие што ја замрзнувате како го правите тоа? Миена и свежа или плус ја обарувате? Купив блитва ама нема цела да ја изедеме па да не фрлам..
Ја обарувам, ја мијам со ладна вода и ја замрзнувам, најчесто по 3 ливчиња. Можеш да ја комбинираш со ориз и кисело млеко, со компир, буквално со се што би јадела и ти. Јас баш денес и дадов со со жолчка покрај друг зеленчук и си лапкаше
Најчесто комбинирам со друг зелен зеленчук и ориз и жолчка, со брокула,младо кромидче,тиквичка, можеш и кисело мл со тоа. Мислаж треба да се бланшира,исецкана, јас немам досега замрзнувано
По колку намирници комбинирате во еден оброк? Јас ставам на пример: батат, тиквичка, брокула, кромид, телешко. Или ако е само од зеленчуци ставам повеќе работи. Дали грешам?
Малини од кога давате , имам во двор , не се ни прскани ни ништо , род многу имаат , дали да складирам да замрзнувам за бебево ако се даваат рано , ако не да си јадиме со ќерче директива
Дете ми и а затвор малку се искака, денес сакав да воведам просо со јаболко или пак кајсија да воведам?? Што е подобро?
тогаш сеедно ти е. Банана имаш дадено? Ако имаш убава зрела додај и тоа. Ќе кака. Авокадо е исто добро за какање
Бананата да не го затвори завчера му дадов. Авокадо давав два дена по ред вчера и завчера, не знам дали да дадам денес пак. Имам јаболко и кајсии. Да мешам и кајсии со просото или само просо да воведувам ? Ај малце ќе ставам банана, просо банана и јаболко.
Не воведувај ништо дај му слива денес да јаде и повече течности. Вода ако не пие свари јаболко и водата од свареното дај му ја да ја испие. Или сливи свежи ако вариш уште поубаво. Можеш слива со просо да му направиш и плус ова течноста ќе му помогне.
Немам сливи недела е немам кај да купам. Ќе му дадам вода од јаболко и просо со јаболко ќе му напрам.