Јас им правам просо со јаболко и кајсија , убаво им е и секогаш после какаат. исто како и од сливата.
Кажете рецепти за солени кашички за 6+м. Исто ме интересира од кога се воведува месо, урда, палента, просо....
Бананата секогаш да ти биде Мека. Не зелена, не жолта. Кога ќе почне да фаќа кафени дамки, тогаш е добра за бебе. Таква Мека банана е добра за столица, се друго затвора. Ако се добри житарките и правилно спремени, не затвораат. секогаш воведувај една намирница. Секогаш!
Оо супер Овие до октомври ќе имаат род , таман и за бебуш свежи ќе има. Ние не ни стигаме до горе да качиме тацна , уште доле јадиме се што остане во шејк се става одма или сладоледи во калапите и правам на поголемата
Како наоѓате инспирација за ручек за бебе? Неколку комбинации ми се вртат постојано, бебе е 8 месеци скоро. Доручек ни е инстант житарици и овошје, ама за ручек ми е тешко
Омилен десерт на поголемото му беше пасирана изгмечена со вилушка банана и малини, преубаво, пробајте, може и мелен бисквит
Зеленчукот е тој, 5-6 вртиме и ние, јас давам 3 пати во недела месо јагнешко,телешко и пилешко, 2 пати риба, 2 пати жолчка, воведов и леќа и боранија па полесно ми е сега. Кога давам риба печам со рибата во фолија и зеленчук, да си олеснам малку. За основа користам претежно млад компир, и батат ретко ориз, еве на пример кога давам блитва и жолчка иде ориз. Малку ми отежнува што несака кисело мл и јогурт, па вечерата е само инстант каша правена со ад млеко, а појадок житарки варени,попарени во секоја форма со овошки. 8+++ сме ние
На мене ми рече 8ми месец ама не знам дали со полни 8 или со полни 7 влеземи во 8ми. А на девојчето ми е страв да дадам оти појави алергија на житарици и ми рече ептен да внимавам кога давам нови вкусови.
Мешам повеќе зеленчуци и еден ден ставам месо, друг ден ориз, трет ден компир… А од зеленчук ставам што имам и така ротирам
Каква црвена лека давате? и дали можам за доручек да дадам палента, банана и јогурт глупаво прашање ама го мислам
Што правите во ситуации кога ручекот неска да ни да го проба? А не му е време за млеко! Затвара уста само вода пиеше Се изнасекирав денес