Тука и те како се сложувам со тебе! Па не може бе толку различни ставови да имаат, т.е сите да викаат до 1 год без ужинки, а еден да се најде и цела фела да ја сере! (се извинувам на речник). Баш вчера го прашав мојот педијатар и истото како тебе ми го кажа...млекото е основа до 1 година, мора да тераме, а потоа ужинки. Го прашував поради здравствени причини за вовед на лек кој не е дозволен кај доилки
Па тоа среќа добро и напредува на килажа( не качува многу) иначе педијатарот ми вика ќе ти кажев млеко да намалиш на ад. Вие што ги цицате внесуваат ли 500-600мл во 24ч? Толку цицаат?Мене тоа ми е многу чудно кога ќе прочитам по табела на негова возраст дека треба 800мл да пие баш во хрватската тоа го пишува
Не знам како да измерам колку цица има сигурно 5-6 подои вкупно, ама количински појма немам. Овој месец напредната ми е 350гр и одма ме фати паника, ама ме убедува педијатарот дека отишла во должина повеќе, 3цм па затоа. Твоето како напредува?
кој ја знае колку мл цица?! Цица 5-6 пати. Добро напредува, значи таман и е Многу зависи и колку оброци даваш. Според препораките, мислам дека дури сега треба да воведеш вечера, а ти веќе даваш вечера. Ако ја замениш таа со млеко, ете си и мојава само во должина оди. Ставила 300 грама само последниов месец
Значи добри сме ме тешеше педијатаров, затоа што јас одма паники таму кревам, а реално добро си јаде, си цица, ама мора да брчам, мислам ќе ме избрка некој ден
Е да теоретски ама практично ќе му дојдеше ручек во 15ч млекото во 18ч и бебе будно до 21ч гладно. Да не воведев вечера ќе требаше литро да пие и ќе накачуваше по 1кг на месец. По мојов педијатар на ад од млекото качуваат по 1кг а со дохраната почнува да стагнира на килажа и добиваме 300-500гр. Супер сте штом по 300гр ви накачуваат ми кажале дека толку и треба кога ќе се воведе дохрана.
Тогаш се става пример во вечера, во доручек млекото за да внесува повеќе. Не го потценувам знаењето на педијатрите ама искрено мислам дека на тема исхрана, сите се толку различни. Некои се доучуваат и даваат добри препораки, други како што налетав на една на детско ми вели да и ставам сол во зеленчуковите и се што јадам јас да давам на бебе. И врапците веќе знаат дека не оди тоа така. Ама ете гледаш педијатар со 10+ учење не го знаеше тоа, уште па и глупости ми збори. Некогаш треба свој мозок да вклучиш т.е да се едуцираш самата на тие теми. Барем денешно време имаш инфо колку сакаш
Каква лека користиш? И јас сакам да дадам. Мене педијтар ми рече да ја варам со зеленчук како за нас нормално без зачини
Теоретски, да. Затоа и велам таман си е Реално сега и повеќе трошат дека се поактивни. Мојава цел стан го ора. Дур си се свртел, таа е под кревет и плаче
Тоа е кога објаснувам на луѓе што не знаат да комуницираат и го слушаат тоа што им одговара. И после сакаат да те спуштат на нивно ниво и да те победат со искуство. Затоа би завршила тука. Него јас сакав да прашам кога воведовте црвена леќа?
Црвена купив од ДМ. Денес првпат ќе и дадам за ручек со зеленчук како манџичка. Само незнам колку да ставам. 1 лажица до 2 ќе ставам
Да еве мојов цивка и бара млеко од шишето ко ќе го испразни. Мене патронажната ми рече не да му покачуваш повеќе од 170мл стави му цуцла после тоа ако ти плаче и така правам. еве и мајка ми истото вика, бебе е тоа што ќе му покажеш тоа, колку ќе му даваш толку. Мојов е еден од тие бебчиња, само за зеленчукот се мачиме, ама додека навикне полека ќе биде и ручекот..