На големи мислев и јас ама па не знам дали кога ќе се свари набабрува Дали претходно ја киснеше или директно ја вареш? леле јас со моите глупави прашања
Првпат правам, ние никогаш не сме јаделе црвена леќа. Ставив 2 полни лажици и измив со неколку води,низ цедалка, потоа во тенџерче со лук, компирче, пиперка, пашканат, морковче и еве се вари, моментално. Таа веќе се распадна
Моето бебе наредна недела прави 6 м и е на АД, па по препорака на педијатар од 5 месеци почнавме со дохрана. Ама некако многу ми качува на килажа и не знам што да правам... Пие 5 пати АД по 150 мл и еднаш јаде каша 100-150гр. Проблем е што нон стоп цивка за уште и после секое пиење млеко мора да го занимавам за да престане да плаче за уште.
Премина на 2ка ад така? И што даваш за јадење? Сега треба ручек веќе да воведеш штом 1м од прв оброк поминал...
Јас скратив едно шише млеко кога почна да јаде 150гр. Пие 4х по 170мл млеко и 150гр дохрана. Кога ќе почнам со ручек уште едно шише ќе скратам. Ако ти плаче после испиеното шише ставај му цуцла и моето цивка така ама со цуцлата 20секунди и готово, а го држи млекото 3часа. И не знам зошто педијатарот мене вчера ми рече можам да останам на бројка 1 млеко ако сакам и после 6 месеци. Кажа само дека 2 е повеќе калорично, а детето мое има доволно калории.
Баш така како што ти кажал е. Кецот и најблиску до мајчино и се дава до кога сакаш ако детето супер си напредува со воведување цврста храна. Така е секаде каде што имам читано по странскиве портали .
За доручек јадешњ просо со кајсија нектарина...е сега дали за вечера кисело млеко да му дадам ? Дека ве читам млечни да не се мечаат со оброк богат со железо заради апсорбирање на железото?
Јас кога имав проблем со железото ми рекоа 2 саати да почекам за млечен продукт, претпоставувам и за бебе е вака нешто
пробуваме вкусови од денеска. Изеде 3 лажички тиквичка. Е сега, после колку време да му дадам млеко, кое му е оброкот??
Кога пробува вкусови не е тоа оброк. Сега само по неколку лажички нудиш, а млеко ќе му дадеш кога ќе побара (ако побара одма, одма ќе му дадеш). Има време до цел оброк, сега цел месец вкусови ќе пробува. Постепено како ќе мешаш вкусови така ќе дојдеш до цел оброк и тој ќе му се замени со млеко.
Можеш и одма зашо ова е само пробување, мене педијатар ми рече кога ќе изеде над 100/120 ќе го рачунаш како оброк и нема одма млеко после мин 2ч, кај нас обично 3ч издржува некад и повеќе зависи што јадел