Ориз, палента и просо мора на полни 6м? 5+++ сме, веке пробавме основни вкусови па сакам да воведам и житарка
Мешав со житарки: палента, просо, овес и овошја: банана, авокадо, кајсија, праска, јаболко. Првиот ден комбинацијата ми беше со банана за да биде малку поблаго, а третиот со покиселкасто овошје праска и јаболко и изеде се.
Јас дадов една недела пред 6м. Утре сме на педијатар, па ќе видам што ќе ми каже, дали сум избрзала или не, ама имав чувство дека некако не го најадува само овошна каша.
Сакам да завршам со само пробување вкусови и со се што поминавме да почнам да и спремам оброци. Моментално е 5+++, сакам до 6 ако е изводливо да има воведено доручек. Дали треба количината да ја зголемувам постепено а со тоа и млекото да го намалувам? Мислев нешто вака: 30 гр оброк па 90мл млеко неколку дена; 50 гр со 60 мл, 70 гр со 30 мл, 90гр без млеко па 100-120 гр за цел оброк. Секако бројкиве ќе варираат според тоа како е спремно бебето, ама you get my point.
Можеш со оризова вода да почнеш три дена, па со семолина, таа е 4+, таман ќе направите 6м. па ќе ги воведеш и овие што ги наброја.
Јас не би давала млеко одма после пробување на вкусови. Ќе почекам некое време па после. Ако не сака да јаде цврста храна ќе ја одбива и ќе очекува млеко да му се даде. Нека изеде колку што мислиш ти,игра/мала прошетка па после млеко - да не е млекото поврзано со оброкот. Исто и количината на млеко не би ја кратела во прво време. Се додека немаш воведено оброк млекото е примарна храна.
Епа добро, ќе пробам полека да зголемувам на грамажа и ќе правам во прво време кратки паузи, 30-40 мин па како ќе наголемувам на грамажа така ќе наголемувам и на време до млеко. Фала ти на советот.
Па сега му дадов ептен малце што се вика едно негово лажиче колку да биде 1/8 отприлика и си го прошмата. Па ќе видам следно со 1/4 како ќе биде. Кога ќе дојде пола и цело сигурно со нешто ќе треба да се промеша
Најтешка комбинација ми е... Освен со ориз, леќа и твојата комбинација со просо не знам... Со ништо не ми иде за ручек