Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Кукла јас најчесто со паста ја нудам. Ја мешам заедно со зеленчукот (спанаќ, брокула, тиквица) малку од водата кај што се варела пастата за да не е ептен суво.
    Исто и врз летна манџа ја имам ставано, со ориз и зеленчук.
    Можеш во сите видови на плескавици, наместо цело јајце само жолчка стави.

    За со леќа не знам колку би било во ред да се меша, понекогаш може ама почесто не (два протеина се).
     
  2. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.880
    Пол:
    Женски
    Мајки, дали е нормално што во палентава гледам како ситни црни зрнца ама ептен ситни со неправилна форма? Имам органска палента од Биокосмос...
     
  3. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Единствена каша која ја јаде моето бебе е брокула, тиквица, компир и наросена жолчка одозгора откако другово ќе го изблендирам.
    Инаку вака ако јаде парчиња
    Тава ориз со морков блитва тиквица жолчка потпечено во рерна
    Жолчка со несолена урда и макарони

    Жолчка банана авокадо
    Жолчка просо авокадо батат
    Ориз блитва жолчка
    Ако нема проблеми со хемоглобин
    Палента к млеко жолчка
    Тарана жолчка јогурт
     
    На Mila_Skopje му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.196
    Пол:
    Женски
    Вчера во хрватската група една мајка на 8 месечно доено бебе праша дали е океј бебенцето да има 3 оброци во денот ако од оброк јаде само 5-6 лажичиња, но не доби конкретен одговор од админките.
    Истото се прашувам и јас, бебево е 6+++, да речеме дека од 6 полни месеци има воведен оброк доручек. Некогаш јаде 120гр, некогаш 90гр, некогаш 50гр а некогаш 5-6 лажичиња. Дали да ја нудам подоцна со уште јадење или нема потреба, доенче е и цица најчесто за заспивање, некогаш ако е при добра воља ќе цицне и измеѓу, но да речеме дека цица на 2ипол, 3 часа.
    Прашувам затоа што понекогаш се тегне по јадење, кога ја нудам да цица не сака.
     
  5. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Ме интересира, од кога почнавте со вкусови за тие бебиња што се на ексклузивно доење?
     
  6. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.196
    Пол:
    Женски
    Јас почнав од 5 месеци по препорака од педијатар. Ако добро си напредува бебенцето можеш од 6 месеци, тоа се и генералните препораки. :)
     
    На dromka, thelittle17 и Bicka77 им се допаѓа ова.
  7. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.974
    Допаѓања:
    12.184
    Пол:
    Женски
    Јас планирам сега,овие денови ,5 месеци сме,само на доење.Сакам да прашам кое време во текот на денот би било најдобро да почнам со проба:D ,дали од сабајле некое време после доење или што како? Поима немам во врска со оваа тема...ќе замарам по форумот искусни женички :D
     
  8. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.330
    Пол:
    Женски
    Можеш од 5 со две три лажичиња и после одма подој.
    До 6 месеци бебињата што се на ексклузивно доење треба да ги примаат витамините од млекото.
    Ама тебе доста ти напредува не мора да се брзаш со вкусови, нека цица мајчино млеко најздраво е.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.330
    Пол:
    Женски
    Македонија почнуваат со доручек, странство со ручек.
    Мене ми плукаше за ручек, па си тргнав по македонски стандард.
    Доручек и после ќе воведам ручек. :D:D
     
    На A.n.g.e.l.a.V и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  10. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.123
    Допаѓања:
    119.683
    Пол:
    Женски
    Од 5 ипол месеци
     
    На CareTee и thelittle17 им се допаѓа ова.
  11. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Мене ме советуваа од сабајле. Највеќе за да се види, ако има алергиска реакција на нешто, да може на време да се реагира. Моето бебе спие до покасно па и давам кога ќе стане од спиење, накај 10:30. Ако твоето станува порано, можеш после првата дремка. Ем ќе биде одморено ем малку гладничко па така се поголеми шансите за соработка.
     
    На A.n.g.e.l.a.V, BabyD0ll и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  12. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.284
    Допаѓања:
    3.814
    Пол:
    Женски
    Ако е на екслузивно доење и добро напредува советите се од 6 месеци да се почне.Но јас планирам од 5 ипол да почнеме, и така ќе помине месец дена додека пробаме се и дојдеме до оброк. А и дека ќе почне во градинка од 9 месеци, сакам до тогаш се што јадат да имам воведено веќе.
     
    На Krofna*, thelittle17 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  13. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Истото го мислам и јас, затоа сакам од 5 ипол да почнеме.
     
    На CareTee и Alishan30 им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.360
    Допаѓања:
    42.725
    Пол:
    Женски
    Првата ми беше на мајчино, почнав од полни 5м,а ова е на ад и од 4 и пол почнав со вкусови. Денес втори ден како ѝ дадов, отвара уста за да ѝ дадам ама одма го плука, многу е смешна
     
    На dromka, A.n.g.e.l.a.V и BabyD0ll им се допаѓа ова.
  15. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Мене докторката ми рече ако јаде 100ка и поише тоа е оброк се што е под 100ка треба млеко да нудам
    Така и правам обично млеко пие ептен малце колку жед да утепа, може 50/60мл
     
  16. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Насабјле за да следиш да видиш реакции дали би имало
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.567
    Допаѓања:
    81.212
    Пол:
    Женски
    @Krofna* а зошто ручек ако се даде не може да се види?

    @DELFINA81 јас пробав со доручек и само една лажичка и толку беше затвораше уста. Сега 3-4 дена и давам ручек време и повеќе ми го прифати од една лажичка до 70мл стигна.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    9.601
    Пол:
    Женски
    Јас почнав точно на 5м со вкусови. Сабајле измеѓу 2 оброци да и доаѓа како ужинка, по 2-3 лажички. Прв оброк ручек воведов на 6 полни со тоа што си остана ужинката сабајле овошје, е сега некигаш ќе изедеше и 100гр овошје како доручек и идеше.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Ние уште со вкусови немаме почнато утре прави 5 месеци, уште малце ќе почнеме. Друго сакам да прашам тамо околу 8/9 или 10 месеци смее ли да им де дава конпоти без шеќер. Вчера правевме од вишни и намерно не ставивме шеќер за бебчето.
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.743
    децата немаат потреба да пијат сокови, со или без шеќер. Се нуди овошје/зеленчук
     
    На A.n.g.e.l.a.V му/ѝ се допаѓа ова.