За ќерка ми имаме направено така мн компоти , овошјето и го блендирав за кашички , готова и брза работа , ни да варам ни пустам , директ у блендер . Вишни , праски , сливи , слива-праска мешавина. Мама сега пак почнува да праве за син ми исто , дада ќе пие сокчето он овошјето.
ни мене не ми е јасно ова.. и ручек кога ќе давам, околу 14-15h ќе е, ќе има време за не дај боже реакција. Педијатјрката наша препорача наутро и со овошје, јас еве трет ден со вкусови за ручек, со зеленчуче почнав. И си лапка. Ќе видам компирот како ќе го прифати
Би ти препорачала да почекаш со обичниот компир, можеш батат да даваш, тој е поздрав и полесно ќе го свари. Обичниот може да предизвика запек и грчеви. Уште му немам дадено на мојот обичен, таму накај 7+ ќе воведам.
Компир со компир, подобро стави некој друг зеленук. @dromka мојата ми рече со зеленчук да почнам. Мојата исто подобро го прифаќа ручекот, така и ќе терам
Па не знам што да ставам да му биде слатко да јаде да не ми плука, а воведуваме компир од вчера. Тиквичка? Авокадо вчера дадов не сакам денес доста е масно.
Белото месо од младо поле да го сварам да го поделам и да замрзнам за да имам да им давам. Дали може така да го чувам или има друг начин? Како вие го чувате?
Моите го јадат со морков, тиквичка ... некогаш ставам и пола јаболко ако не го сакаат (само за мирис да добие)
Јас додавав малку АД и излегуваше како пире и така го јадеше на почеток кога немав воведено многу зеленчуци за комбинирање. Првиот пат кога му дадов само компир го држеше во уста, ни го голташе ни го плукаше и почна да плаче.
Можеш со тиквица, морков (само малку да не направи запек со компирот), брокула...за шмек пашканат тркалце или кромид. Мм (маслиново масло) или мр (масло од репка) стави.
Ќе напрам компир, тиквичка и малку јаболко 1/4.. Па ќе видеме. Дај боже да не плука. Следно мо е воведување пилешко за да има некој вкус ручекот иначе ќе останеме на овошје само.
Мајки, воведовме телешко месо без проблем си го јадевме, после колку можам да почнам мисиркино да му давам и дали да ги пројдам сите меса( телешко, мисиркино, д. пилешко) па да давам млечни или можам веќе?
Ние денес ќе ручкаме пилешко за прв пат па ќе видам како ќе го прифатат се надевам ќе јадат Да, можеш малку јаболко мене така повеќе ми го јадат зеленчукот, иначе и ние ќе остевме само на овошје
Секако може ама за побрза реакција доколку би имало нешто па да нефати ноќ, не за нешто друго Еве јас почнав од вчера за ручек да воведувам нова намирница
Земав на хип смоки од просо за од 8м ама многу се тврди некако. Он загриза одма огромно парче и му го извадив. Сум пробала парчиња да давам ама не е спремен уште, голта и се дави не џвака. Има ли некои помеки смоки што се растопуваат полесно што можам да му ги дадам? Или идеја за некои бисквити било што?