Како се воведува просото? Правам каша третина просо, другото овошје и давам 2,3 лаж прв ден, па зголемувам?
јас не сум дала, а фини комбинации има. Има некои житарки со вкус. секогаш нешто ново е добро за промена
Ептен се туфкам некако гледам повеќето хип користат а ми треба за воведување тиква и слива, веќе немам комбинации за доручек
Кога воведовте пченичен гриз? И од кој зимате? Прашав пред некој ден за житарки што да воведам следно недобив одговор имам воведено ориз, палента, просо... Инстант ориз веќе недавам дали може обичен ние што го јадеме? (Проверен ми е)
Јас моментално му воведувам пченкарен гриз, 7м е. Можеш овес да воведеш како следна житарка. Да можеш и ориз обичен да користиш.
Јас почнав со безглутенскиот овес од дм. Овесот ако не е деклариран како gluten free, обично е контаминиран со глутен од друга житарка при обработка. Тогаш сеуште немав воведено глутен и затоа почнав со безглутенскиот, кога ќе го потрошам ќе продолжам со недеклариран. Тој на биокосмос не сум видела каков е.
Уште едно прашање Лобело бисквитите од кога почнавте да ги користете? Гледам дека се на база на скроб од компир и пченка Дали палентата се смета дека имам воведено пченка?
Следна глутенска намирница што планирам да ја воведам се бисквити. Гризот пченичен супер си го прифати...8+ Кои бисквити би ми ги препорачале како најквалитетни и највкусни? И како ги спремате?