Жолчката јас на 7 8 м ја воведов, се дава два дена во неделата на пр понеделник и петок можеш секоја недела по малку да зголемуваш или едниот ден помалку следниот повеќе се дава 1/8 1/4 1/2и цела
Ја отворив интересни ср комбинациите...ама што и е со советите, ставила на стори дека бебе 6++ не требало во хранилка да седи туку во крило да се храни
и тоа е точно Дур бебе не седне само, не се става во хранилка. Има точна позиција како треба да седи во скут, да не е седнато со притисок ма колкчиња. Јас првата ја седев, појма немав, а ортопед ми кажа не е страшно чим не седи долго. Ама сега баш ми потенцираа. Тони ми рече, може, ама под агол од 60
Исто и мене на 60 ми рече Антоние,јас понекогаш и давам и во скут кај друг да ја држи. Туку дајте идеа тиква со што за ручек да комбинирам??
Ова за понатаму ќе го имам предвид,месо уште не сме вовеле,батат може,а се мислам плус просо да и ставам за прв пат.
Мене па Антоније ми потенцираше да го хранам исклучиво во хранилка седнат на 60степени ова збориме за 4ипол месечно бебе. А во скут да вежба седење. Ми напомена на 45ст дека може да се задави.
Јас искрено ни не знам хранилката дали ми се прави под агол. Ја добив на поклон и веднаш ја ставив во огромна кеса и на страна, треба да проверам. Ианку прво дете ми е, уште немам почнато со дохрана, ама за 2/3 недели ќе морам, 5+ е.
не знам дали таму има слика како изгледа тоа седење, ама не е лежење секако. Само заседнати внатре, чисто да се ублажи притисокот на колкот. Мислам 60 е ок. И јас под агол ја седам
Е не знам на што мислат ама по инстаграм ги гледам на перници легнати ги хранат валда им кажуваат педијатри на 45ст да седат, па викам да не е истото.
Мајки, вчера бевме на педијатар на рутински преглед. Војдан ми изгледа малку слабичок за месеците што ги има, 8+, а има 7600 гр. Докторката рече многу троши бидејќи е темпераментен и дека можам да ги зголемам оброците на 250 грама по оброк. Инаку е здрав. Добивме шема за воведување на жолчка па ќе почнеме деновиве. За глутенот ми рече- штом е воведен пченичен гриз понатаму лесно е за другите глутенски намирници бидејќи гризот содржел најмногу глутен поточно пченицата. Рече може и павлака да се дава, урда и лепче и лубеница итн по програмот... Е сега денес земав за прв пат бисквити на Хипп и сакам вечер да ги дадам за вечера со ад и банана....Дајте ми Ве молам некој предлог за каква комбинација да направам? Дали само бисквити и ад или друга житарка со ад па да додадам 2 бисквити ?
Ајде ако има некоја мама од Штип да ми каже од каде купувате телешко за вашите бебуши Сакам да им дадам ама не знам од каде би било добро да купам
Ние купивме цело теле(лоша идеа) инаку ми кажаа позади безистенот имало месара имале свежо телешко стално газдата чувал телиња . Таму прашајте.
И ќерка ми е темпераментна и активна, 7++ е има 7150 грама. Повеќе од 150 гр оброк не јаде, некогаш ни 100. Педијатарот ми вика колку сака нека јаде не се оптеретувај со грамови зошто секое дете е различно и различен апетит има. Мене ми рече сега веќе да почнам по малку со жолчка пошо има веќе месец откако дадов месо. Уште немаме вечера планирам да воведам од 8 месеци зашто уште не сум дала глутен (од 8 натаму ми рече) а немам идеја што би давала без тие намирници. Ако даваш за доручек друга житарка можеш да дадеш само бисквити за вечера. Јас така би направила барем на почетокот.