Јас почнав со тиквичка тешко е за пасирање/блендирање мала количина и не испаѓа хомогено па тешко одеше пробувањето пази сегс когс ќе почнувате давај прво нешто што отвара следно нешто што затвара и така менувај ги да не направи опстипација. Инаку не е битно со што ќе почнеш што мислиш тоа
Јас имам близначиња, кога ги носевме на контрола со полни 6 месеци машкото имаше 7.400гр, девојчето 8.300гр. Исто пијат млеко по 200мл оброк и 190гр каша (доручек и ручек). Исто се чувани од прв ден, па сепак различно качуваат килажа (машкото е многу по темпераментно). Поентата ми е секое дете различно си напредува не мора се да биде по книга и правила некои. Нека е жив и здрав
Колку накачува на месец? За бисквитите стави житарка палента или гриз можеш иначе многу течно ќе ти испадне
Морковот заради нитрати што содржи планирам да го одбегнувам на почетокот. Пр. давам тиквичка 3 дена, после 1 ден батат, и вториот може да се мешаат или 3 дена да терам и од втората намирница?
Секоја намирница по 2 3 дена. На пример 2 дена тиквичка, третиот ден додај 2 3 лажички батат во тиквичката, вториот ден 10тина лажички батат...
Сеа бевме на контрола и ми вели докторката ќе почнеш со дохрана сеа. Првите 2 недели со овошје, банана, ( само баната свежа, другите полуварени) јаболка, круша, слива, праска, кајсија.. во текот на денот да си изеде цела кашичка... после тие 2 недели со зеленчук кпмпир, морков, брокула, ориз и за време на варењето ќе ставаш и малку сол... Значи ништо пд ова нема да е. Јас планирам по мое да си терам. Со зеленчук да почнам, тиквичка и батат. Сол не, морковот и бананата ќе ги одложам малку за воведување. Оризот не го ни сметам за зеленчук. И одма со мм ми мудрува требало докторите да слушам не јас како сакам.
Зошто ќе одложиш банана , јас следна недела ќе почнувам , ќе давам. Важно е да е презреана со црни точки , не праве запек тогаш ако ти е од тоа шубе.
Бидејќи ми има ептен нередовна столица, еднаш неделно или и поретко. Сакам прво да видам со другата храна како ќе е. И да имам барем 2 овошки воведено за да можам да и ги комбинирам.
Ако бананата е убаво стасана со точки низ неа му прија на бебе за стомак моето одма после јадење кака од неа Така да немаш потреба од одложување дури можеш да ја дадеш во комбинација со круша и топ ќе му биде на стомаче
Колку мл. се рачуна како оброк? Изеде сега 50мл кашичка ориз, дали да и дадам одма уште 100мл ад или да почекам на пр. еден час па да дадам ад?
Мене ако ми изеде помалце од 100гр нудам млеко одма ако изеде околу 100 или над не после извесно време давам млеко
Леќата ја блендираш ли, и дали и правиш запршка или така ја даваш? Јас уште немам воведено, а сакам веќе и не знам како да ја спремам, дали како за нас што ја правам или поинаку?