Значи бебе на почеток пробува вкусови, не јаде цела кашичка во текот на денот. Една купечка кашичка се пробува во текот на 3 дена, не ја јаде одеднаш. Шо и е на таа докторка? До денес на млеко било, од утре бутај му цел ден лажичката за да јаде. Па и сол бе на 5 месеци бебе,јаааао
Јас не користам запршки за нас,а вака подготвувам леќа: Во вода што врие ставам морковче и кромид да се сварат. Откако се варени ги пасирам, налевам уште малку водичка па ставам леќата за да се вари(користам црвена) Згуснува од зеленчукот и нема потреба од запршка. Така и за бебе ќе ја приготвувам.
Да блендирам ја леќата. А вака ја подготвувам: ставам 4 лажици леќа (спремам за две бебиња) едно компирче или батат, морков, пиперка и кромид. Се заедно варам ја лупам пиперката и се заедно во блендер ако е многу густо додавам вода. Запршка не користам.
Житариците на Даверт ми изгледаат многу квалитетни и вкусни. До сега имам земено само палента ама сега и другите ќе ги земам. Просото било сорта златно просо, органско. Сакав да прашам дали го користите оризот на Даверт? Доста е скап ама доколку смее таков ориз да се дава јас би го купила...Бел ориз е.
Од колку месеци може јадењево? Ми седи мн вкусно, може за 7+? Или да почекам? Леќа и пиперка немам уште дадено.
Јас на моите почнав тој период да и давам, можеш да дадеш. Вкусно е да, јас и за нас исто така ја правам само со запршка. Леќа давам црвена на био космос.
јас за нас го земам. Убав е, да и можеш на бебе да даваш. Можеш било кој органски ориз да го земеш, не мора баш тој. Штета ги нема во секој тинекс, инаку ми се прв избор.
Од бел ориз органски само тој го знам по маркетите . Има и во Добра Земја органски. Друг не знам ориз. (Басамати и интегрален органски не се важат). Збориме за класичен бел ориз.
Мајки ќерка ми е 7+ и според табелата треба да воведам повеќе нови намирници меѓу кои и цвекло и пиперка. Има врска дали зелена или црвена пиперка? Исто, каква несолена урда купувате? Матичната ми рече дека можам да воведам веќе и трет оброк, да не е многу брзо? Иначе редовно си ги јади двата оброци што веќе ги има..
Рано е на 7м и вечера. Мое мислење... Јас од 9 почнав во една група домашне кашице препорачуваат од 10 вечера да се воведе
Јас давам зелена пиперка, цвекло не сум дала. А за урда не знам, матичната наша рече може да и давам моцарела бидејки не е солена...ама сеуште не сум дала.
Друшки од понеделник планирам да почнеме со проба на вкусови.Сакам да почнам со зеленчук прво.Кои се'зеленчук треба и можеме да пробаме? 5+ е бебе.фала ви. П.С.Знам пишувано е,ама не е лошо да се повтори градивото.
Она им ствара гасови не давај одма, почекај од нареден месец...моите секогаш кога јадат брокула после викаат од што ги боле меше од гасови и многу ретко им давам.