8++ е... Денес ќе почнам прв ден со жолчка по шемата од педијатарката. Вчера ручаше телешко со зеленчук. Не знам денес во каква комбинација да му ја дадам жолчката (осмина). Дали може со батат, тиквица и сл? Инаку земав домашни јајца од село..
Мислам дека не дозволуваат АД,баш кога ми тргнувашр големата ќерка во градинка на 9 месеци прашував баш ради ужинките со кравјо млеко ама не дозволуваа ,па морав да се помирам дека таму ќе проба кравјо, инаку јас не и давав дома,до две години пиеше АД а кравјо после година го користев исклучиво само за каши,а опцијата за кашички купечки не ја знам дали е дозволува во сите градинки,може ова е нешто ново.
Кај ги учите овие работи? Има ли некаков водич за вкусови, количини и оброци? Рано му е на мојов ама сакав да се информирам и некако ми е збунувачки.
Исто и мене.Цело време читам,информирам се како да се вкусовите нуклерана физика . Некако психички се подготвувам за воведување на вкусови.
бебе готвач го имав на почеток за насоки и доста пребарував по интернет. Има групи на фб, хрватска, српска, на инстаграм следам неколку профили за исхраната и комбинации и овде у темата си пребарувам често и за совети и за комбинации. Јеловник спремам во тетратка 2-3 недели однапред, бидејќи не памтам за да не давам иста храна нонстоп. Доручек обично житарици и овошје. Ручек обично месо чорбе, со зеленчук. Вечера нешто полесно.
Јас јогурт дадов прв пат на 7м (со палента за доручек) а кисело суште не сум дала. Синчето не е воодушевен а девојчето си го сака
Крајот на 8ми дадов. Прво телешко, потоа домашно пилешко, на крај мисиркино. И сега така ги давам наизменично
domace kasice za bebе - ова е од твое мислење на форумов, па претпоставувам на таа мислиш? Одма ќе се вклучам, таман имам месец и нешто за лагано читкање. Во меѓувреме спуштив и книги за блв, ама мислам дека тоа од подоцна ќе го почнеме. Некако ми е страв за парченца многу рано.
@Alishan30 изгледа и јас ќе треба да почнам однапред да си правам распоред што ќе дадам а не секое утро са се мислам дали давам разноводна храна. @LivingGlam многу помага ако се почне порано со информирање што и како да се дава, барем мене ми помогна. Откако дадов телешко сакам да дадам и пилешко.Тие што имате дадено какво го савате? Како пилешки стек варен во вода или можеби копан? Што се дава и како приготвено
@firequeenn цело петле го варам, во тенџере на 4ка, убаво да се развари и двои. Потоа го делам месото од коските. И во кеси замрзнувам секогаш мешано парчиња црвено и бело месо. И копан и подкопан и гради одделувам од коските и складирам. Домашното пиле ми го даваат веќе средено за варење, само кожата ја вадам пред варењето.
@Alishan30 многу полесно со спремен јеловник Секоја недела навечер седнувам читам низ форумов и бебе готвач и правам за цела недела Листот закачен на фризидер купувам се што ми треба за таа недела и мирна глава
Исто и јас така, дури ги склопам комбинациите, чувствувам тежина. Да се избалансира се и да е вметнето се. Наутро само читам што е за спремање и си почнувам. Не верувам дека за второ дете ќе успеам волку да се организирам
Затоа викаат првите се “утнати” деца Мала шала Да, и јас само гледам од тоа што до сега имаме пробано малце намирници се па се си мислам едно исто вртам цело време