Кога ке воведете повеќе намирници полесно ке е и нема да требаат мениа. Јас правев по инспирација - месо телешко или пилешко, компир, морков, домат, тиквица, и менував брокула карвиол модар птлиџан лук кромид итн.
Еве една добра апп ја во неа се внесувам и правам план за наредна недела. Имате да додавате храна да впишувате што е пробано, каква реакција имало, да сејфувате омилено мени итн... мене ми е доста од помош. Baby meal tracker
Мамички здраво.Бебе е 6 месеци и веќе воведов ручек, но беба многу малку јаде. По колку грама им давате на ручек на вашите? По 100 грама и правам на јадење, но не го јаде цело.
Дај му време, не може одма да изеде 100гр. Некои деца да, некои само некоја лажица и тоа со молење. Дај му бар 1 недела и постепено ќе стигнете до нормален оброк.
Јас да пишам нешто, верувам ќе помогне на некој во врска со маливе манипулатори На 7 месеци почнавме со парчиња бидејќи одбиваше каши(иако приметував дека кога сме излезени купечките ги јадеше, не сакав дома да давам купечка секој ден) Теравме така со парчиња до 8ми месец, се што би ставила во каша за ручек давав како парче, обарено или печено со малку несолен путер, месото со рачен блендер на ептен ситно и го давав. Си јадеше и океј беше Е тогаш на 8ми почна и тоа да го одбива, мака мачев, се плукаше. Пробав дома со купечка каша, ја јадеше. Барајќи совети во хрватската група прочитав да и го направам ручекот, блендам и ставам во празна тегла од купечкиве. Да признаам, не пробав веднаш, не мислев дека бебињата се толку “паметни” ама не сакав да давам купечко и немај каде, еден ден кога по обичај ми го плукаше јадењето, го изблендав и ставив во празна тегла. Маф го направи. Не ми се веруваше и така сега комбинирано давам, ручекот е најчесто каша, доручекот овошје секогаш парчиња, вечерата зависи. сите чинии бебешки ми се дигнати, се ставам во празни тегли и јаде малата гајле нема сега мисли си добила тоа што сака хехе Да напоменам дека не почнав дохрана со купечко, сум и давала до сега 4-5 пати вкупно кога сме биле излезени за ручек време ама ете си запамтила она Ако некој има слична мака нека проба
Ќерка е скоро 8 месеци и уште има некогаш да изеде едвај 100 грама. Матичниот а и уште еден педијатар ми рекоа да не се замарам со тоа и да не споредувам со други. Колку сака толку. Не бутам со сила лажица ниту па пуштам цртани или изигравам кловн додека јаде. Ако изеде ептен малку после пола саат пробувам пак. Обично во просек јаде по 130 грама. @Katerina94 jaс од старт давам во тегличка, домашна кашичка. Приметувам дека повеќе така јаде него во тањирче. Почнав така зашто мерилица ми е колку гр каша ќе изеде
Кажете ми комбинации за воведување жолчка. Утре втор пат и давам, вчера прв пат дадов една осмина. Ја мешав со палента и јогурт но не сакам со млечно да ја дадам. Можам така без ништо, гмечена? Наутро најчесто јаде овошје и житарка ама не ми иде некако жолчка и овошје... Од зеленчук имам воведено компир, батат, тиквица, авокадо, кромид, домат, морков, брокула и карфиол.
@kukla21 @Katerina94 фалаа, денес ќе дадам со авокадо гмечено го јаде многу у последно време, наредно давање со тиквица и гриз ќе комбинирам.
Ох, успана читав и тиква има пробано, ќе го направам и ќе пробаме, ја изеде денес четвртината со авокадо.
И јас воведувам моментално жолчка по шема од педијатарката. Денес дадов за ручек ваква комбинација: осмина жолчка, младо компирче, две тркалца батат, тиквица, модар патлиџан, кромид и маслиново масло. Беше превкусно. Си изеде 240 грама. 8++ е. Јас жолчка со овошје не сакам да давам. Ама тоа е мое мислење. Не значи дека за сите треба да е така... Можеш и со ориз да дадеш и зеленчуци и маслиново...
Кога давам обичен компир ставам и две тркалца батат внатре бидејќи и дава блажина на кашата и не е блантава...И после и другите зеленчуци и месо внатре и испаѓа многу вкусно.
Има ли некоја шема за воведување глутен? Со кои намирници се почнува? Што да очекувам од реакции? И спанаќ уште немам воведено а бебе е 7+++ зошто некако не ми се дава од оној пазарскиот свежиот. Можам да дадам од оние што се замрзнати по маркетиве, беби спанаќ? И друго, кога се воведуваат чиа, ленено, ким, сусам, цимет и такви семки/зачини?
Ја спанаќ дадов на крај на 8м од тој беби спанаќ спакуваниот. Глутен воведов со овес, гриз и останати кашички на хип со глутен и инстант кутии. Шема кукла пиша еднаш за една шема нејзина пребарај ја низ темата. Не ја памтам како беше