Кажуваат 50гр. Мојата не јаде толку, максимум 30гр и ставам. Пробај ако не ти прифаќа ќе намалиш грамажа
Пробај 50, убаво е да јадат. Мојата е исто колку твојата, ама нејќе кога е повеќе.затоа 5 дена месо давам по 30гр.
Мене педијатаров ми кажа по 50гр и откако почнавме со месо толку му давам 9+ е. Не ми спомнал да зголемам. Зборам на 200гр оброк
Сите на почеток толку јадат Ќе треба време са почне по поише, плус секако е малечко не ми собира во желудче повеќе супер е и толку
Здраво мајки, ќе Ве молам за помош, кажете ми дали може да ја дадам малата ми е 7м, и со што најчесто ја давате
И ние сме 7м и баш утрово ги читав овие на Лино во маркет сакам да земам некоја кутија ко за проба за промена ама незнам зашо некупив Кажете мајки која можеме да ја користеме?
Нас ни е поклон, и баш сега гледам рокот е краток па да знам дали да ја дадам на бебушка или тата да ја јаде
Ова е палента (ако грешам нека ме поправи некоја) која можеш да ја даваш со овошје и со зеленчук без разлика. Јас обично ја давам за појадок со овошје некогаш додавам и јогурт, моите ја обожаваат
Денес 4ти пат ќе јаде жолчка. Завчера изеде половина. Денес пак да дадам половина или 2/3? За цела мн набрзо ми е.
Риба каква давате? Се дава само слатководна до 12м? Ја сакам лаврак да му дадам што може да му биде на 10м?
Ние почнавме со вкусови пред неколку дена, имам дадено тиква, слива и еве од денес и јаболко, од тиквата дали по 2/3 лажички изеде. А сливата и јаболката по 40гр, и плаче за уште. Треба да и дадам колку сака или доста и е? Секако после кашата и дадам вода, кога пие, кога не, па ја ставам и на града. Немој да и е многу или?
Прво почнав со кашичките на Хипп,и давам крап,пастрмка,пред година и давам лосос од Кам го купувам Имам и јас лаврак домаа и ме чуди и мене што може да и биде сигурно ништо
Овес со слива е 6+ Чоколино Мини, фрутолино, Кексолино овие можеш да ги дадеш. Од 8+ можеш и Ванилино. Јас од сите му давам овие али со млеко правени и си ги јаде без проблем. Јас давав два дена една намирница, еден ден неколку лажички, а нареден ден колку сака али до 100гр. максимум.
Ова има 0.2 грама сол на 100грама, значи скоро и да нема сол. За бебе е дозволено 1г сол во текот на денот.
Бебе е 5 и пол месеци и од неделава ќе почнеме со вкусови. Ама нешто не ми е јасно.. Првите денови се дава по неколку лажички, па последниот ден колку сака јаде? Еве третиот ден ќе изеде пола кашичка, значи е гладна, а од нареден ден пак нов вкус само две-три лажички? Нели е тоа веќе воведен оброк од пола каша или 100грама ? Еден ден јаде 100, нареден пак и се дава доручек колку сака, па на ручек нов вкус неколку лажички или како?
И ние почнавме со вкусови,така понеделнички,со тиквичка почнавме и сакаше..дури и устичка отвара за уште околу 30г.изеде.Не знам многу е како за прв пат? Многу сум радосна и возбудена дека бебево ми порасна за кашички како вчера да се роди. Нека се живи и здрави сите