Ако даваш по три дена нов вкус го даваш тој три дена. Наредните три даваш друг вкус и постепено зголемуваш да дојде до макс.120гр тоа е веќе воведен оброк. Даваш се да пробува најкасно до 13 часот за да можеш до вечер да видеш дали ќе има реакција од нешто... После месец дена се воведува ручек , прво воведува доручек и само тогаш даваш нов вкус не и за ручек како што си пишала. Се надевам дека ме разрираш што сакам да кажам .
Пројде и денес пробувањето жолчка, пак дадов половина. Сакам сега пауза да направам од 3-4 дена па да и дадам пак. Можам во овие 3-4 дена да воведам нешто ново? Некој зеленчук или просо, или да почекам? И друго, малава многу сака авокадо и гмечено тоа, би јадела секој ден но ми е страв да не и е многу. Колку авокадо е премногу авокадо? Кога и давам ако е помало парчето јаде половина околу 40гр да речеме, а ако е поголемо 1/4...
Жолчка 2 пати неделно, првата недела дадов 1/8, втората 1/4, потоа 1/2 и 4тата недела 2 пати неделно по цела жолчка. Цел месец воведував жолчка. Во измеѓу деновите не давав нови вкусови. Авокадото се дава по 1/4, 2 пати неделно. Доста е масно и не е добро количински да изедат многу, па и многу често
Имам и јас свеж лаврак што земам за мене и планирам тоа. Ама добра идеја ќе му дадам се да испроба од кашичките хип. Штом на 8м има со лосос кашички сигурно може.
Дали откако ќе се прими трета доза рота (првпат грчеви има), треба да паузираме со вкусови. 3 недели веќе пробува и е 6+.
Советот од диспанзер е да не се воведува нов вкус една недела. Иначе давај од веќе воведените вкусови.
Дали приготвувате оброци неколку часа порано, на пример сабајлето да спремате за ручек и како ги чувате: во фрижидер, на собна температура или во термос?
Јас да, бидејќи одам на работа и кај 14ч спремам ручек, во 16ч и го даваат, и вечера во теглињата од хип во фрижидер за да и дадат.
Какви палента и ориз давате? Земав на хип ама малава многу ми плачеше од како јадеше тоа, ги правам со вода па ги мешам со овошје...
Палента од ДМ и до денес давам од истата, а ориз на почеток давав од Холе инстант, сега при крај ми е кутијата па ќе продолжам со нашиот што го користиме, кочански, бисерен.