И јас таа што ја земав пишуваше 0,5гр на 100гр дека има сол. Пред да и дадам парчето го измив и одстои малку во вода. Сепак 15тина гр и дадов 2 пати и толку. Нека почека, за вкус само воведов
Денес воведов жолчка прв пат, се водам по шемите од тука. Денес и ја дадов со палента и кисело млеко. Со што друго можам да ја комбинирам? Ич немам идеи
Некоја страна поназад прашав истово, ми пишаа комбинација гриз, тиква и жолчка. Јас имам дадено и со авокадо.
@Ivana.kas @kanella рве идеи за комбинација со жолчка.Има и за доручек и за ручек. И јас наскоро треба да дадам жолчка 8 месеци сме. Вие на која возраст дадовте?
Војдана каков е нивниот став за водата во која се вари зеленчукот/овошјето? Се користи или се фрла? Ве молам да споделат и оние кои ја следат хрватската група, каков е ставот таму за ова прашање?
Ти благодарам. Иначе ќерка ми е 7++++ и воведов сега по препорака од матичниот педијатар, бидејќи за две недели веќе ќе треба да се вратам на работа и да не ми е мисла што ќе и даваат за јадење, повеќето од намирниците да ми се воведени.
За градинката и јас се потресувам многу ама решив дека ќе иде за месец дена и тоа е тоа. Брат ми и сестра ми од 9месеци идеа, ја обожаваа храната, дома истото го бараа и пораснаа во здрави луѓе, брат ми е карпа човек не дека не се плашам ама ме води мислата дека ќе биде меѓу деца, ќе учи нешто.
Мене овде ми рекоа порано да воведам глутен, на 6+ дадов овес, па гриз па палента. Ми донесоа просо од мк, па деновиве тоа ќе дадам да проба.
Ни се ближи времето и за во оваа тема бебе од нареден месец ќе почне со храна така ми рече педијатарот. Ќе биде 4 месеци иако мислам дека е рано кај нас покасно почнуваат ама ајде ако кажува дека треба ќе почнеме
Имам милион прашања Девојки дајте идеја што да воведам следно 6+ е малата. До сега имам дадено тиквица, батат,круша, јаболка, брокула, банана, праска, кајсија, просо, ориз, морков. Денеска компир ќе и биде прв ден. Уште немам воведно оброк затоа што повеќе од 50 грама не јаде, ретко се случува да изеде 80-90. Некој совет како да стигнам до оброк или да чекам уште?Дали можам да го користам ова масло? Друго прашање дали можем овие да ги дадем
Ич да не се потресуваш,јас ја благословувам градинката.Имам пишувано и претходно,една ќерка пораснав во градинка од 9 месеци,ја обожаваше храната таму,се потресував и јас како тебе на почеток за млекото,ама после си реков па што е еднаш два пати во неделата ако јаде бисквити и млеко (освен нели ако нема алергија некоја) кога дома си надоместуваше со многу овошје или зеленчук,па не се оптеретував.Еве 6,5 години е јаде манџи како луда,дај боже и беба да ја примат и она ќе тргне од 9 месеци и не се потресувам многу.Нормално не сум за маргарини,мајонези и такви ствари, за тоа не станува ни збор дека во детска исхрана не треба да го има ,а во скопските градинки мислам дека нема вакви работи во мениата.
Истово и мене ме интересира и мојава е 6+ и се мислам што следно да воведам ,месо, глутен од кога? Инаку мојава има има оброк ручек веќе две три недели оти порано почнав и повеќе сме на зеленчук,од ова твоето имам воведено плус,карфиол, блитва,пашканат,тиква и авокадо.
Гризот е најадекватен за воведување на глутен. Тоа е според мојата педијатарка. Ако прифати пченичен гриз тогаш ќе си ја јаде без проблем секоја намирница со глутен. Јас воведов гриз на 7++ од обичниот на Злато Поле.