Кога воведувате глутен доволно е само една житарка со глутен да внесам или пак треба тие што мислам да го давам по 3 дена? Прашувам ради кутии што се со неколку житарки на хипп
Педијатарката ми кажа дека е доволно една житарка, да се воведе другите не требало по 3 дена. Исто ми рече цела недела постепено да давам житарка со глутен, по една лажичка во јадењето, па по две, три... и да внимавам какви ќе му бидат каките и дали ќе му биде тврдо мешето.
Дајте идеја за вечера? Секој ден инстант кутии му давам, гриз со ад и бисквита. Кисело млеко и јогурт едвај ги јаде денски за ужинка тоа ми отпаѓа. Тегли не ми се купува за баш секој ден.
Ги прочитав коментарите за групата и размислувањата. Право да ви кажам забегани сме ние мајките и претеруваме ама групата ми личи повеќе на собрани баби отколку научници. Со тоа 'како не израснале нас' аман веќе. И во 1800 год живееле ама како е прашањето. Косили бе. Да, и мене ме бањаа со Косили и ми фали мирисот ама на овој денешен избор на шампони јас не би ставила, ете. И не дека моето е правилно, а туѓото погрешно ама ете од тие коментари од бабички ' што ни фали'
Добро сега повеќе има сознанија за работите али кога ќе видиш ништо не е безбедно се додека има каде да се подмити со пари можат да пишуваат и дека со злато ги прскаат овошјето и зеленчукот. Нигде нема 100 сигурност освен од своја башта да си садиш и да знаеш дека не е прскано., али од друга страна и воздухов што го дишеме нечини, дождот што ќе заврне и тој е цел токсичен, т. е. ништо нема здраво. За бебиња и деца органско се купува океј а која доилка се храни со органско? Ниедна, ама битно кога ќе почне детето да јаде треба органско да е. Јас сум против јагодите што се доста алергени и највеќе прскани али се друго може да се комзумира. Барем ова е мое мислење.
Секако, јасно ми е. Ама зошто да купам ресенски јаболки кога знаеме дека едно 16 пати се прскани, кога можеш од некоја бабичка од село што продава на гајба мала количина? Сигурно помалку се прскани. Па за едни кактуси дома бирам какви ѓубрива ќе купам, на пети не ставам било што, па на детето ли да му дадам храна без размислување? Јас не викам дека мора да јаде од златна лажичка, строго еко храна ама на овие информации што ги имаме сега, не треба да ги слушаме бабите како не израснале. Лишај да му излезе на кожата ќе купиш нешто 'специјално' зашто со бекутан не поминува. Пак ќе речам, претеруваме. Се осетив и јас еден период дека забегав и се вратив во нормала. Детето ми јаде се што јадеме ние, кога се стрви по нешто 'недозволено' му давам малку и крај. Не може да јаде сувомеснати и конзервирано пошо нас така не израснале или чоколади секој ден. Не може.
И јас го мислам истото, до некаде пробувам да најдам баланс меѓу хрватската и пример ова од другата “како не израснале нас” бидејќи ова не е изговор во денешно време при многу достапни информации и ресурси. Пример јас не купувам органско за бебе. Купувам од пиљара. На почеток варев и немаше смисла и да е органско бидејќи секако уништуваш се при лупење, миење со сода и варење. Сега давам лупено свежо миено иако според хрватската се што не е домашно мора да се обари. Треба и да изгради имунитет против тие работи, еден ден нема да јаде се органско. Сепак се водам според другите препораки за житарка овошје доручек, зеленчук/месо/жолчка/ безмесен итн. Гледам да не конзумира тегли секој ден или кутииве инстант ама и тоа давам кога немам друга опција особено нема на одмор од 5-6 дена да се влечкам со блендери, рингли, триста чинии и чуда и да носам од Мк овошја и зеленчук сега кога јаде и парчиња. Не би давала од хотел ама ќе си земам сода и ќе мијам добро и ќе давам. И тегли ќе давам. Ако би го пишала ова во хрватската за совет, ќе добијам блок секој си одлучува ама според мене они се премногу потресуваат и како што реков се водам според некоја златна средина измеѓу таа група и давај све што ни давале нас.
@Katerina94 Златна средина Јас одамна не читам такви групи Само на почеток ми требаше да фатам правец и да сфатам како треба. Овошје варев само првиот месец, после почнав свежо. Покасно кога се научи да џвака убаво гледам што повеќе да јаде свежо. Искрено, кога пазев строго на исхраната крвната слика му беше одлична. Сега и тој почна да наоѓа маани и јас немам многу време да готвам и одма ја гледам разликата. Додека е под мој надзор ќе јаде како што треба, кога ќе порасне знаеме како ќе биде. Имунитетот не се гради со исхраната. Џабе е се ако не го пушташ меѓу луѓе, ако не си игра во паркчиња меѓу деца, ако не е секој ден на воздух, ако дома е секогаш стерилизирано. Но, според мене храната е ептен, ептен важна особено во првите 10години кога најмногу се развиваат. Не може никој да ме убеди дека е исто пилешко од било кој маркет и домашно, пример.
До одреден период ќе можеме да ги контролираме понатака нема да можеме. Сепак се треба да е умерено во смисла на чоколади бомбони и брза храна. Ако им се брани скроз утре кога ќе тргнат во школо само од тоа и ќе живеат наместо да земат асално јадење ќе јадат нездрава храна, никако не си али ако е умерено мислам дека би немало никаков проблем. Ресенските јаболки се прсмаат зошто уништена е земјата на која се садат исто како и секоја друга каде што требаат да се прскаат премногу пати. Али се што е скапо не значи и дека здраво и во право си за купувањето од кај бабичката
Мислам дека е скроз индивидуално како ќе се хранат понатака од примери околу мене. Инаку, секогаш купувам од бабички и дедовци Кога ќе видам 5 коренчиња марула, кромидче и лукче, две канчиња малини и цреши како да не купиш? Па кога ќе се насмеат дека продале и порано ќе си одат дома, мераци.
Се согласувам за месото 100% и јас терам така. Имунитет се гради со многу работи како што спомна, не се чува дома на зима бидејќи било ладно надвор и многу други примери. Не стелизирам играчки, под бришам со раствор од сода и млака вода бидејќи е на под нонстоп дома и лази, ставајќи се во уста. има многу достапни информации, сами треба да одлучиме како ќе тераме.
@Jana06 - "Овошје варев само првиот месец, после почнав свежо". Бидејќи црпам најчесто совети од тебе и Оли, те молам појасни ми ја реченицата. Свежо даде - кога почна да си јаде парчиња или уште кога блендираше?
Уште кога блендирав. После кога бев сигурна во него му сечев на лентички и си ги грицкаше. Зеленчук на пример нема некој избор да се дава свежо зашто се тврди, мора малку да се обари.
Исто и јас варев овошје само првиот месец сега веќе не. Го варам само тоа што го веведувам три дена и потоа го давам свежо.
@Jana06 @Saraaa9 така и јас правам, прво воведување го парам или варам, после свежо, но овошјето во голем дел и ми е од двор. Таман и за понатака да си продолжам со тие од продавница што ќе ги купувам. Thanks Инаку ми се допадна муабетот од Јана за купување од луѓе што продаваат од гајби, истото го практикувам. За тие што се Аеродром/Н.Лисиче пред Базаро има еден дедо продава праски, дента ги бере, многу се сочни.
Да ве прашам за праз, го ставате и белиот и зелениот дел? И може ли да го исчистам, измијам, и складирам во кесиња да го замрзнам?
Синчето во септември ќе треба да тргне во градинка, на 9 месеци, но немаме воведено многу намирници и се чудам кога ќе најдам време за сите што ми се во план, со оглед на тоа што само жолчка се воведува минимум 2-3 недели. Ме интересира на бебушите што толку мали почнале со градинка кога им воведувате нови вкусови? Во текот на неделата за време на појадок и ручек ќе е во градинка, а за викенд не сакам да давам нов вкус.