Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Имаш, леќа, модар птлиџан, грашок, итн воведувај по 3 дена секоја намирница и до септември ќе имаш воведено доста намирници. Зошто не би давала за викенд нов вкус?
     
  2. Saraaa9

    Saraaa9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2019
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Дали може да дадам диња? :)
    7+++ сме
     
  3. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    5.769
    Пол:
    Женски
    За викенд гледам да не е прв ден од воведување поради алергии, покомплицирано ми е кога повеќето здравствени установи не работат. Едит: а и обично за викенд не сме дома, одиме на ручек кај баби, дедовци кои се во други градови.
     
    Последна измена: 16 јули 2021
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    На жените од хрватската група ти имаш ваков коментар?! Знаеш зошто те блокирале или си разви филм? Групата има правила и истите ги потврдуваш кога се вклучуваш. Кога си кај некој дома, ќе следиш правила за кои свесно си се согласил. Давање совети од ракав „затоа што така нас не растеле“ не се прифатени ниту научно издржани. Ги прочитав и спојлерите - како баба ми да ја слушам, па и таа беше посовремена и со попрорегисивни размислувања и пазеше и на храна и на козметика. Косили бреј! Во 21 век. Не знам што користите и техника кога и на времето можеле без тоа.

    Тогаш градинките и сегашниве ич не ми се за споредба. Ни за персонал, ни за однос кон храна, целокупен впечаток.

    Можеш карфиол, тиква, сува слива/слива, авокадо, дуња, палента/пченкарен гриз.
    Компирчето знае да направи проблем на меше. Ја би заменила со сува слива или тиква затоа што се полесни за почеток.


    За исхраната. Јас внимавам на тоа што можам. за мене сулудо е во 21 век да размислувате како кремањонци. Да се бута дете од 6,7, 8 месеци со сол, со 200 грама каша и тоа да е достигнување. Не е. Треба да знаеме подобро што е основно за бебињата до една година. Секако дека треба да се јаде што е типично за поднебјето. Ако сте отвориле било каков документ на СЗО ќе видите дека препораките се тие - јаде дете приоритетно тоа што го има на локално ниво да се понуди. Секако, се нуди и нешто нетипично (пример авокадо) затоа што истото е доста корисно за растот на детенцето.
    Давам и јас „што не треба“. Давам и јас готови каши и тегли. Не паѓам во трансови дека мора да е „домашно“. АМА!! Здрави навики се создаваат од мали. Ќе има периоди кога ќе штрајкуваат со глад, кога ќе пребираат и ќе јадат се и сешто. Додека може да се контролира што внесува и кога се во интензивен раст, нема тука „како нас не растеа“.
     
    На Lovebug01, macka91, Krofna* и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Дежурен секогаш има, не знам дали си од Скопје али и не дај боже и температура да има за викенд пак би го однела на дежурен.
     
    На Tiny Love му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    4.225
    Пол:
    Женски
    Од кога почнавте со вкусови,после колку време даввте цел еден оброк кашичка?
     
  7. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.941
    Пол:
    Женски
    После еден месец. На 5м. со вкусови, на 6м. имаше прв оброк.
     
    На MorskaSirena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.263
    Допаѓања:
    19.056
    И ја избегавам за викенд и обично не сме дома па давам готови веќе пробани. Иначе за жолчката додека ја воведуваш можеш и нов вкус. Пример во понеделник му дадов жолчка, вторник и среда прв пат леќа па пак во петок жолчка. Другата недела исто така.


    Иначе да не пишувам нов пост. Секој доктор своја приказна. Да имате проблем 3 специјалисти може различнп решение да ви дадат. Јас се проверувам по нет и по блиски. Не се држам ни стриктно до СЗО, ни до педијатар ни до групи. Од сите тие извори мое мислење создавам за исхраната.
    Мене мајка ми ми вика еее тебе грав на 5мес ти давав па еве ништп не ти е. И и викам јас грав сега не би јадела на возрасен прај проблем не па на бебе. И после во следен муабет кажува како моите грчеви до 6м траеле па оди разбери се. (facepalm)
    Оф топик, за дубак се расправам и со едни и со други. Луѓе пукнаа ДУБАК ДУБАК да купеле. Ја стварно не знам што им е толку забавно тоа да има дубак ако јас сум одлучила да нема. Мислам дека веќе ме полудеа. Така да бар нашиве (мои и на мм) родители како да сакаат ќеиф да тераат со храна и дубаци и проодувалки и уште навредени на крај. :D
     
    Последна измена: 16 јули 2021
    На azelea, dunika, Lovebug01 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Тоа е зошто порано во стартер пак земале кревет, количка, дубак итн. Ваше дете ваша одлука они нека се љутат и нека им стои. :)
     
    На dromka, Milkiway и LucyLu им се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.263
    Допаѓања:
    19.056
    Е ајде де башка сакале да гп гледале да се вози во дубакот, така ќе научел како нозете да ги користи за да знае да оди (facepalm)
     
  11. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Пошто без дубак, само нивното внуче нема да прооди |(
    Надвор одат и ќори и сакати што се вика, не па здраво, право бебе/дете - вака кога ќе им кажам знаат да подзаќутат на одреден период на темата.

    Туку да не сум оф топик, сакам да воведам брокула, карфиол и целер. Додуша брокулата воведена ми е од Хип теглата ама сакам намирнициве свежи да си ги купам. Како падната сум од Марс кога станува збор за храна и намирници.. Да не не им е сезона што ги нема по маркетиве?
    И ѓумбир ме интересира кога се воведува?
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mia*

    Mia* Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Palentata od kolku meseci se voveduva i dali ima posebno. Za deca ili obicna
     
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.746
    Допаѓања:
    40.207
    Пол:
    Женски
    Од зеленчук имам воведено морков, компир, брокула и тиква. Што да дадам следно?

    Од 7м јас ја воведов на првата ќерка. Обична како за нас што купувам
     
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    тиквица, батат, карфиол
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Saraaa9

    Saraaa9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2019
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Јас од оваа користам од 6+ дадов прв пат.
     

    Прикачени фајлови:

  16. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.263
    Допаѓања:
    19.056
    6+ каква сакаш
     
  17. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Твое право си е ти каков принцип имаш за одгледување на ТВОЕТО дете, ама не можеш да кажуваш генерално дека твоето мислење е апсолутно и да судиш за други...
    Тоа што сум напишала за хрватската група е благ збор во однос на тоа што мислам за такви треторазредни паранои кои си дозволија да ги направат сите педијатри во Македонија неписмени. Наша педијатарка е Драгана Емел. Има ли потреба да објаснувам за нејзината стручност? Моето дете се храни и одгледува по нејзини препораки и програми и насоки. Ама за треторазредните паранои доктор Драгана испаѓа неписмена пошто советува кисело млеко и урда пред 10 месеци, пошто дозволува бебешки бисквити кои се зло за детето, но и експандирани житарки кои исто така не чинат пошто немале протеини....А, богами и ориз дозволува пред една година иако истиот е полн со арсен и може да предизвика масовно труење...
    Една таква мајка водена од 'фамозното' СЗО се јави и во групата кај професорите кажувајќи им дека стварно експандираните житарки се зло за овие да извадат научен труд за истото и да докажат дека протеинот во експандираната житарка не е уништен туку само денатуриран...
    Како сакате одгледувајте ги децата ама да сеете научни невистини не треба да ви се дозволи и еминентни педијатри како Драгана, Паскалов и сл. да ги правите неписмени...
    Во однос на групата со професорите- све што рекоа тие беше потврдено од познатата српска педијатарка Лилјана Лукич која исто така е во таа група...И нема баби во групата кои кажуваат како било во нивно време туку интелектуалци кои сакаат да потенцираат доколку детето не се адапатира на неговата природна средина ќе има проблеми во првата прилика во животот кога ќе се соочи со купка за тело што не е органска или со третиран зеленчук и сл...
    Секој со своите сфаќања, избори, знаења и умешности ...
    И моето дете јаде органски житарки, домашно петле и сл. Ама мора да се адпатира и на вистинската средина која го чека надвор...
     
    Последна измена: 17 јули 2021
    На Ivana.kas и Brpbrp им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    А ти таа научна студија што ја закачија ја прочита цела или само сеир фати како “и го спуштија” (facepalm)

    Немам намера да навлегувам во сувопарни дискусии со некој кој на 7 месечно бебе во 21 век му става сол во јадењето. Тоа многу зборува каква квалитетна дискусија ќе се води :hai:

    точно така, секој со своите знаења. Посебно она стекнато по фб и слепо верување на истото.
     
  19. tanjatt

    tanjatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2021
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Женски
    колку месеци ви е бебенцето, од кога се дава леќа
     
  20. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.231
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми прави 10м за некој ден.
    А леќа црвена првпат дадов на полни 9м.
     
    На tanjatt му/ѝ се допаѓа ова.