Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Не знам за кое дете зборуваш дека јаде сол. Јас лично сум ставила еднаш неколку зрна морска сол во кашичка на мое дете и видов дека ништо во вкусот не менува и може само штета да се направи. Од тогаш блантавоста на кашичките ја решавам со батат кој од корен го менува вкусот на сите читави кашички со зеленчук.
    Што да правиме ние биохемичари, па и педијатриве наши живи неписмени и професорите од групата, исто така....Све од фб учиме, никакво знаење немаме...
    Ама затоа си ти тука да ни објасниш преку твоите научни студии. Среќни сме богами што те имаме.
    Секое добро.
     
    На Ivana.kas му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    па да ти кажам за тебе сум Ајнштајн на темава :rofl:
    Се дур не се потпишеш како нутриционист, може 100 дипломи да залепиш :inlove:
     
  3. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    15.802
    Бицка има на пазарчето во Бисер,јас од таму земав брокула и карфиол.Целер мислам само корен можеш сега,листот и стеблото покасно,а и ѓумбир мислам дека покасно се воведува , плус дека и луто јас не би дала сега.Вие до кај сте стигнати ,воведе ли втор оброк ? Јас уште само на ручек ја држам,се мислам уште една недела две и втор доручек да вметнам.
     
    На Bicka77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    15.802
    Кога ќе воведеш цело јајце ќе имаш повеќе опции,тарана/јуфки со јогурт или кисело млеко, некоја кифличка со млечно ,а вака можеш и печено јаболко со тиква или батат и плус некоја житарка(оризови,просо снегулки), сутлијаш исто можеш со АД, кус кус со зеленчук или со сиренце, моцарела,палента ,ова колку што се сеќавам давав на големата ,супа со зеленчук исто можеш и лепче ако јадете.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vojdana

    Vojdana Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.878
    Пол:
    Женски
    Јас утре ќе ја воведувам за прв пат. Син ми е 8+++. Во програмата на педијатарката пишува за диња и лубеница да се дава од 8 месеци. Денес завршив со воведување пиперка, а плус жолчка воведувам периодов (стигнавме до пола жолчка). И сега диња и лубеница се на ред.
    Види и другите какви искуства имаат....Според мене можеш да воведеш од следната недела.
     
    На Saraaa9 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Saraaa9

    Saraaa9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2019
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Тогаш ќе почекам до следната недела. Па ќе треба да почнеме и со жолчката :) Фала ти :*
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    @kukla21 Ајде Ајнштајне помогни ми, ти си ми со се запозната :D

    Бебе 5 месеци и 20 дена.
    Пред 5 дена почнавме со вкусови.
    Проба морков,батат и денес јаболче.
    Според докторката (Муратовска од систина) треба зеленчук овие денови и тоа морков,батат,компир,брокула и карфиол а од 6м овошје.
    Доручек со полни 6, ручек со 6 и пол и вечера крај на 6ти месец.
    Сите три оброци во еден месец :|

    Не е премногу?
    Јас не планирам така.. доручек сакам да дадам средина на 6ти, прво убаво со сите вкусови да се запознае со по некое лажиче, а наредни оброци со еден месец размак да се..
    Брокула и карфиол не се тешки за стомаче на 5м бебе? Неам дадено..
    Крушка,слива, авокадо почеток на 6ти или сега?
    Те нападнав
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Мака мачам со втор оброк, вришти на се. 50 гр не успевам да дадам. Следно ќе пробам зеленчук за доручек да и дадам а овошје за ручек, чисто да видам како ќе реагира. Можеби не е спремна за втор оброк а можеби проблем е зеленчукот, ќе видиме. Фала ти за инфото, утре ќе пратам маж до Бисер.

    И сеа видов сум си пишала на ливче како ми кажал педијатар, за целерот дека само корен можам сега, арно ме потсети.
     
  9. Saraaa9

    Saraaa9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2019
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Пробај во ручекот стави јаболче малку може така ќе сака да јаде, постепено ќе го намалуваш јаболкото. Јас на моите така и правев за да јадат сега си јадат без проблем. :D
     
    На Bicka77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Го пробав и тоа, повеќе пати ама јок, не сака. Се свестува дека јаде, после едно 5 лажички одма почнуваат плачките (facepalm)

    Затоа и си помислив да не не е спремна за втор оброк...
     
    На Saraaa9 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Мене ми успеа со јогурт го изеде цел ручек неверодостојно!
    Незнам дали имате воведено, ние дека сме на ад и млечни без пробување ми рече педијатарката дека ад е на база на кравја сурутка јас без да размислам ]:)
     
    На Bicka77 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.262
    Допаѓања:
    19.051
    За споредба јас кај паскалов го носам на 4 недели разлика декој оброк и доста пефијатри така препорачуваат ова чудно вака нешто ново да не им е? Ја праша зошто така да воведуваш? Не напредува со цицање? Баш треба поише да цица..
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Истава динамика и ја имаат на другарка ми дадено во Ремедика, Марина поточно.

    Сметам дека е ту мач. Додека е во ред оброкот да се подели на неколку помали оброци во текот на денот, три немлечни оброци во еден месец е многу.

    Ќе ти пратам еден документ по возраст колку треба млеко, а колку храна треба да внесува бебето. На другиот тел ми е.

    Од мое искуство, се е до детето што ќе прифати, овошје и/или зеленчук. Јас на двете им дадов прво овошје, а полесно прифаќаат зеленчук. Идеално е да има бар месец помеѓу оброците. Сосема доволно време да се навикне детето на време на ручек, нова рутина, да прифати вкус.

    Најди си време идеално за бебето. Ниту уморно, ниту прегладнето или најадено.

    Не си задавај рамки за кога да воведеш. Така потсвесно си правиш притисок. Јас полека, полека и воведував. Секог ден зголемував по некоја лажица плус. Со прво ќерче бев под притисок и норма кога треба да јаде и колку треба да јаде. Смрт ми беше хранењето :(

    Јас си терав со ова ќерче по мое. Дадов прво што е лесно за меше и за какање :) После секогаш гледам да има нешто што протерува спроти што затвора.

    За почеток мислам тиква, сува слива, јаболче, батат, тиквица. Крушка внимателно. Може да направи тежина. Можеш некоја житарка да дадеш измеѓу.
    Карфиол и брокула јас рано дадов. На двете не им направи проблем.

    Авокадо исто може да дадеш. Тоа ми е лек за какање :)
     
    На Chanell* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Го сакам и јас документот:$ да не видсм нешто:D
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Важи.
     
  16. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Немам млечно воведено, а и моето е на АД, многу ретко цица. Баш ќе прашам педијатарот во понеделник, фала ти на идеја.
     
    На Krofna* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Дали е паметно да се почне со вкусови кај 4 месечно бебе кое не напредува доволно?
    На 4 месеци тежи 4.500гр, порано е родена и со мала килажа, но на 4 месеци ја дуплира родилната тежина и нешто плус е.
    Јас мислам дека со храна ќе качува помалку отколку со млеко. На комбинирана исхарана е, мајчино и ад млеко.
    Совет некој кога да почнеме и како, со што?
     
  18. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Здраво, Од кој месец воведовте месо и колку дававте на оброк?
     
  19. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    На 6++ воведов течлешко давам по 30 гр
    На 7+ мисиркино исто по 30гр
    Педиајтарот рече по 50 ама мене многу ми доаѓа на око
     
    На no name5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.262
    Допаѓања:
    19.051
    Мене ми дадоа порано храна т.е. на 4ипол за да намали на килажа. И така и беше од 5ти месец почна да качува помалце од 1кг. На твое место би давала уште еден оброк ад
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.