Како спремате гравче? Знам дека варено ама во тенџерче или може и готвач? А патлиџан? Сакам да воведам сега, ама не од готова каша
Спелта давате полнозрнеста или во вид на снегулки? Ќе земам на Даверт, мислам дека и во двете форми ја има...
Сакам да воведам компир, по една табела што ја имам е 4+, ама нели има глутен во компирот? Кога го воведувате?
Ја колку што знам нема глутен во компирот. Го воведувам сега, 6++. Почнав со вкусови на 4++, батат прво дадов, за компир ете почекав малку.
Воведи прво батат зошто компирот знае и грчеви да направи кај некои и по тежок е за варење додека бататот ем е благ ем убав е за стомакот не прави запек кај бебе. Дај го покасно обичниот компир.
Нема врска жолчката. И јас периодов ја воведувам, еве при крај сум. Педијатарката ми рече да давам нови намирници во тие два дена што се пауза во шемата за жолчка...Гледај денот кога даваш жолчка по шема да не даваш нова намирница. За глутен типичен ти е пченичен гриз. Ако тој го прифати - немаш гајле.
Сега оваа семолина што ја земав од Холе (6+) е уствари пченичен гриз? Што треба да очекувам од реакции на глутен (ако има)? Не сум во Скопје и глупо ми е да го замарам педијатарот со овие работи по телефон…
Здраво, педијатарот ни даде нов распоред со вечера. Доручек: овошје со житарици, ручек: ориз/компир со зеленчук и месо и вечера: млечно-зеленчукова каша. Може да ми дадете предлог за млечно-зеленчукова каша? И дали јогурт, кисело млеко и урда да воведувам од сабајле или за вечера?
Претежно сите што воведуваме нови намирници ги воведуваме утрински со појадок Можеш да ги воведеш еден млечен ако е се во ред си тераш најнормално со останатите не се воведуваат сите посебно по 3 дена
Јас не ама затоа што сум ја алергична на јагоди. Да не бев ќе му дадев хип со јагода има за од 4+ кашички
Јас шмукалче од хип со јагода му дадов на 7 месеци и немаше реакција најверојатно зошто се преработувани, али свежа не би дала и нема ни да дадам зошто и јас фатив пред некоја година алергија од нив.
Дадов бадеми пред некоја недела, 9 месеци е. Путер од кикиритки 8ми месец некаде не се сеќсвам. Треба и лешници да земам арно ме потсети Едит: по препорака на доктор путер од кикирики малку намачкав на раката, немаше реакција па и дадов да лижне утредента и зголемував постепено.
Мајки како да приметам расипано мисиркино? Веќе втора тацна на Натура во тацна стек, како фрлам. Отварам рок уште 3 дена и ми мириса ептен јако. Знам дека мисиркиното секако мириса ама не можам да препознаам дали е или не е. За нас преретко правам за да го пробам на вкус зготвено. Има некој начин како приметувате? Веќе почнав да се сомневам во веро штп и да купам расипано. Лаврак расипан, плескавици расипани, мелено умирисано, пилешко во тацна до сега 2 3 пати расипано. А пазам на рокови што е работа ви се случува ли? Не ни купувам меса кај нив ама ова случајно на проаѓање...