Во Тинексов во Лиса кај што земам житарки Даверт, денес немаше снегулки од спелта и земав на Даверт во цели зрна спелта. Дали омекнува убаво при варење? Како вие ја подготвувате?
Не знам како е правилно... Јас давав сано после пробување или за време на пробување. Почнав као да пазам на мл ама џабе, бебе секако не сакаше нешто многу да пие, најчесто околу 10мл. Еднаш, после банана, испи 30мл. Сега веќе, со воведен еден оброк почнав да нудам и во тек на ден, особено кога беше најжешкото. Е сега си пие... Пред некое време почнав да нудам и навечер кога ќе закенка, ама ова дека веќе преретко цица. Ќе повлече 2-3 пати од шишето со вода и продолжува да спие.
Земав на суташ Ставам и во ручек по две лажичиња од тогаш ми го јаде секој ручек Оф не ти допишав извини Со овошје насабајле, веќе што имам воведено, и со палента и со просо И сеа веќе и во зеленчукови (ова од мука) ама фино му доаѓа Исто знам овошје, јогурт и лобело бисквита за густина ептен го сака така
Банана + авокадо + јогурт/кис.млеко, можеш плус ако сакаш праска или некое црвено овошје (капина, јагода, малина) превкусно е, редовно ни е на мени за доручек барем два пати неделно
Денес јадепе банан и авокадо и малку круша многу ја сака таа комбинација, колку лажици кисело млеко или јогурт да додадам?
И после 45 мин варење зрната спелта не омекнаа Најверојатно ќе оди во канта цело пакување. Или јас погрешно ја спремам ..Да си земам снегулки најубаво...
јас за месо и млечно Веро секогаш го избегавам. Такво умирисано ми е секогаш од таму Земам од Кам или Тинекс. Никогаш не ми мирисало.
Значи до тоа е, а чудно во затворен фрижидер им беше не знам што прават и ја демек успат и згрешив. Ај памет за друг пат
Зависи од кое Веро земаш, ако земаш од Тафталиџе нај свежо им е таму. Јас од Тинекс 4 пати имам земено стек и толку е расипан и смрди ептен. Знам дека во Веро Џамбо тој месарот ми кажа дека Понеделник, среда и петок им носеле месо.
Сега гледам (одморот ми ги поремети навиките) месецов не сум многу активна. Инаку точно е. Ние почнавме со ручек и многу лесно прифати, и ден денес преферира солени каши, овошјето го засладувам со јогурт за да јаде. Ручекот ни е од 12 до 13ч. Кукла значи не сум погрешила што купив риба од кам? Имаше убав лосос, се помислив малку ама не знаев каде на друго место во наше село можам да најдам и земав А, кажи ми исто кои каши купечки најчесто ги даваш, за вечера, комбинации што би прифатила и мојата? Овој месец повеќе ќе шетаме па ќе ни требаат. @Mila_Skopje баш денес имавме грав на менито. Јас го варам како за нас, ставам кромид, морков, пиперка, без зачини и го блендам со малку од водата со која се варел (без запршка нормално).
Почни со една мала лажичка па зголемувај постепено, јас ставам две лажици кисело млеко обично во оваа комбинација.