Тие од секогаш ми смрделе искрено дали дека затворени со фолија се, не знам. Земај си внатре свежо и готово.
Мајкиод кога дадовте тестенини и какви тестенини? Дали посебни за бебе или?Ние сме 8 ++ Уште не сум дала
Денес за ручек сакам да воведам палента со морковче направена. Прво сакам да го сварам морковчето и во водата да додадам две лажици палента. Прашањето ми е колку време треба да ја варам палентата?
Додека не се згусне. Од Биокосмос одма ми се згуснува (додека се вари), а таа од ДМ ја варам, па чекам 10 мин да се олади и згусне. Временски се вари некаде 5 мин.
Ја палента ставам сооднос 100мл вода 1 супена лажица почнува да врие мешам цело време ни цели 5мин додека добијам густина што ми треба. Е сега види колку морков ставаш, колку грамажа имаш се на се? Да не ти е малце само со морков и палента тоа дали ќе го држи. Јас му ја давам со овошје или кисело млеко
Две супени лажици палента и морковче сакав да правам. Кисело млеко сеуште немам воведено иначе многу е вкусно. А вака зрната што остануваат во палентата нормално ли е? Не треба да се стопат скроз? Не знам да кувам извинете ќе ставам и тиквичка
Пробај со хип, тоа во аптека секаде има. Неколку ноќни се - гриз, праска, јаболко; гриз банана, една со бисквити и една со какао и банана. Има една на бебевита со ванила, нема интензивен мирис и вкус, таа да ја пробаш. Во мојот кам е се тазе. Одам петок има еден куп лосос. Одам сабота (ако не сум зела петокот кога примаат) едвај наоѓам сабајлето. Верувам дека е тазе. Таква земам и јас. Нит мирис, ни бутур има. Веро се крш. Стварно се прашувам зошто се толку на добар глас
Така и правам. Од сите кутии ова најдобар рок имаше на пакувано т е. "Најсвежо" ама изгледа нив транспортот не им е како што треба се замрзнува одмрзнува кузнај што прават. Лани трудна лаврак зема за мене мм спакуван во тацна од таму среќа што го приметив мирисот на време, а рок имаше и им го вративме ни го сменија без збор тоа ок...ама можев да се потрујам
јас месо и млечно никад од таму веќе. Кам има ограничени продукти, ама од ова се е тазе. Лосос кога земам, се топи. Од Веро имам земано, врска нема. Во мојот Тинекс во исти денови носат риба со Кам. Во кам е само поефтина
Исто и јас месо се купувам во КАМ или Тинекс ,а некогаш и Стокомак исто свежо е месото само пилешко или мисиркино има.Во Веро случајно бев во Џамбо и влегов таму за телешко да побарам ,имаше ама катастрофа месото исто и тие во тацна никакви. Фино лепо си отидов во Кораб Трница имаше преубаво телешко свежо од дента. А лососот од Кам викаш убав е? Не сум го пробала ,а и за другото месо се е убаво стварно, од Гевгелија некоја фарма што е.
да, сум зела и од месото, не е лошо. Ми се допаѓа што пишува кога е колен јунецот, кога е пакувано и до кога трае. јас најчесто за нас лосос земам. Најлесен ми е за чистење и спремање. Домаќинка
Мајки,направена кашичка колку време може да стои на собна тт? На пример во 9 часот направена- круша конкретно.