2-3 часа. Јас денес направив во 7 и пол круша и просо(во зрно киснето од вечер а утрото варено)и заминав на работа.Тие ќе му ја дадат сега кај 9 и пол, 10. Ако е ладна ќе ја подгреат малце во топол сад со вода. Киноа пробав да му дадам не сакаше.Во зеленчукова каша не ја сакаше.Дали комбинацијата не му се допадна или дека месо немаше, не знам.. А сите други житарки ги јаде. Пченица дали и како приготвувате, каква да барам поточно и со што ја комбинирате?
Мајки, дали е грешка да дадам појадок во 8:30, а претходно да цица околу 3часот? 10 месеци сме, ама за еден месец почнува во градинка и полека пробувам да ја адаптирам на тие услови. Педијатарот ми сугерираше бар во 6:30 да цица и тоа ќе може тек кога ќе почнеме, да цица па да се спремаме и таман да јаде таму, ама сега специјално да местам саати нема шанса.
ако не е гладна и не бара, допрва да ја учиш мислам немаш потреба. Само навика ќе и се направи, па после тебе потешко. Чим не се буди во текот на ноќта погодено и е се. ви се јавија дека е примена?
Па као примена е, да однесеме документи почеток на август, ама со врски одма да ти кажам. За жал се така иде кај нас, а со оглед на тоа дека нема кој да ја чува морав така
Ама мислам од август ќе се јавуваат за децата од септември. Ние на 15 таму негде ќе се учиме па затоа
По искуството со големата, не ја пуштам одма. Ако веруваш месец и кусур сме болни. Буквално како почнав на работа месец и кусур болна е бепка. Таман се оправи, ноќеска пак кашлаше. Око не сум склопила 1 месец. Не знам дали имам сила уште неколку месеци вака Пс а се мислам и за приватна. Презадоволна сум со тоа како работат со децата. На 3+ веќе и математика ги учеле, домашни ни даваат
Ич не би ја пуштила сега ама немам избор, се можно искористов на работа, боледувања, одмори, толку е. Жена дома не би, приватна многу сакам ама татко и брчи, демек џабе фрлени пари, а не е така. Оваа ми е преку улица па ако треба нешто ќе трчам, тоа е. Ќе биде разделбата тешка
За бепкиве приватна може и не е баш за старт, што знам што би работеле. Едино поголема грижа веројатно. Кај големиве и те како има разлика.
Дали го киснете просото пред подготовка, јас имам на виталија и во неколку рецепти прочитав дека се кисне одвечер
Јас користам лупено просо на био космос ама киснам го одвечер...не знаев дека не мора да се кисне сигурно ли е дека не мора да се кисне.
Дали можам глутен да почнам 6++ е? Леле се сум заборавила,како да не сум гледала едно дете. И друго што дадовте после 6? Цвекло,боранија дали може,друго не ми текнува.. @Chanell* авокадото со семка во фолија, најмногу два три дена го чувам.