Излегов од неа. Немаше нешто баш што ме интересира. Општи работи, не е баш за родителство и бебиња/исхрана. Заборавив како се вика, нешто зоран вучич и пријателите Ако ти е за исхрана влези во domace kasice za bebe и следи општи насоки
Ја ставаш во вода што врие 2-3 минути, потоа ја вадиш во ладна вода, во водата може да имаш и мраз, за да го сопреш процесот на готвење, ја цедиш на хартија и ја замрзнуваш.
Од кога може маџун, и дали навистина е добар колку што го фалат? (имам давано на првото дете ама не се сеќавам) Мајка ми ми нуди домашен, таа го правела. Да земам? Малата има 10++
зависи на колку степени е варено. Ако е вриен, тогаш само шеќер има останато и не би дала. Оној на Тиквеш е на 30 или 40 правен и е ок за давање.
Како ја приготвувате пиперката? Се вари со другиот зеленчук, цела? Леќа количински колку ставате во ручекот? Исто 1/3 како житарките? Сакам утре да и приготвам леќа црвена за ручек со зелена пиперка. Да ставам се заедно на варење или посебно да ја сварам леќата, посебно другите зеленчуци?
Јас вака ја правам леката (за две бебиња ): 3 супени лажици лека, 2 средни компири, 1 морков, 1пиперка исчистена (откако ќе се свари на тацна со вилушка стругам за да го извадам само месото лушпата ја фрлам) и кромид. Варам се заедно, до сега ми немаат одбиено со сласт јадат
Утре одиме на одмор, и покрај овошјето што го проба земав и зеленчукови каши,да видам дали ќе јаде. Ама мешани се, тиквица и компир, тиквица тиква компир.. а неам воведено ништо од ова. Да и давам ли? Па зар може на компир реакција да ми даде Овошниве не ги сака, јаде само чисто авокадо на друго се мршти, денес и чиста брокула јадеше