Имаш многу намирници да даваш во 7м., а со мешункаст зеленчук почни пред 8м. И така и така. Го печев во тава со другиот зеленчук, превкусно му беше. Исто го дадов и варен, му беше вкусно, но во таа каша имаше и мевце, е тука нема утка со тоа. Следно планирам да го тостирам.
Фали за вечера давате овесни снегулки и ад. Ме интересира дали ги потопувте 20м со ад да отстојат или со вода? И кој сооднос давате да не е претечно?
И јас истиот проблем го имам, подготовка на овес и гриз. Прво ги правам со вода и потоа додавам АД ама секогаш ми излегува течно, не знам сооднос да погодам.
Прави го многу густо. Јас пример ставам 150мл вода и 4 лажици гриз. После го чекам да олади до 50 и додавам растворено ад. Таман е
Даваш ад и покрај доење? Се мислев да земам и јас за да и спремам нешто ама па не знам колку, педијатарот ми е на одмор, а не сум давала ад до сега. Колку мл можам да и дадам во вечера пример?
кога правам вечера, тогаш ставам ад. Правам гриз со вода и додавам формула. Повеќе од 60мл не ми требале до сега.
Телешко месо денес носат во тинех и денес купив Пилешко немам купено и ќе почекам за пилешко освен ако ненајдам домашно
Ние сме 7 месеци, синоќа синко се разбуди два пати за млеко, ми се виде многу. Не знам дали да воведам трет оброк т.е вечера, дали пак ќе ми се буди два пати навечер? Кога ја давате вие вечерата пред спиење или млеко давате пред спиење?
Малата за 3 дена ќе прави 7 месеци. Дали да воведувам втор оброк, со оглед на тоа што едниот оброк ни е околу 50-60грама?
Вечерата нема да ти смени многу. Ние сме 10 па скоро еден месец станува само еднаш, а претходно 2 пати сигурно па и три. Рано ти е за вечера, не брзај, а за будењето навечер имаат и други работи влијание, заби, скокови, чуда.
Мајки, вчера видов во аптека едни тестенини на Бебелан - My first italian pasta, имаше од пченично и оризово брашно. Дали сте ги користеле и дали е време да почнам со тестенини, 9+ е? Или некои други има подобри од овие? Домат ми пишува во програмот од 9+, а исто и педијатарката ми рече дека и лепче можам по малку да давам. Ме интересира ваше искуство со овие три намирници...
Можам само да ти одговорам за доматот. Му воведов на 7++ и добро го прифати. Нас ни е истата педијатарка но јас не одам стриктно по табелата, некои намирници му ги воведувам и порано, на пример денес е втор ден од кикиритки. Сакам алегрените и намирниците што ги користам секојдневно да ми бидат воведени порано. Сега ми текна дека му дадов тестенини од готова кашичка на Хип, таа со моцарела што е и немаше проблем ја изеде иако има парченца шпагети низ неа.
Јас ги користев на Бебелан пред 6 месеци и давав и кус кус,италиан паста ги дадов од 7-8 месеци Купив кашичка на Нутрино со говедско месо 19,5%,додека Хипп има само 8%
Тестенини дадов од ДМ едни без јајца, не знаев дека има бебелан ама мојата не ги сака баш, исто од 9ти месец. Лебче исто ми беше даден совет од 9ти месец, давам или лебче или двопек со јогурт, мн го сака така, со ручек ретко не го јаде таков, значи ќе си видиш пп детето. Домат во 10ти пробавме по препорака на педијатар, затоа што дава алергии и супер го прифати, скоро во секоја кашичка и го дпдавам.