Не мораш екстра да купуваш бебешки,паста е паста.Од Дм био шпагети земи,или на Барила ако сакаш поквалитетни,свари ги,на страна доматен сос нека ти се искрчка кратко со босилек малку,на крај измешај,додај моцарела сецкана(пази да не се растопи премногу може да се засркнува),или пармезан и ете ти оброк.Плус не мораш за вас екстра да готвиш,додај само сол.
Здраво, ве молам за идеи што да воведам за ручек кај бебе 7++, цело време вртам морков, брокула, карфиол, сладок компир, тиквица, кромид, со беби ориз некогаш додавам, друго не знам што??
Која моцарела ја користиш? Не успеав да најдам без сол. а и по гугл што пребарав набрзина, скоро и да нема моцарела без сол...
Не сум во Мк јас. Нема моцарела без сол,но не е страшно.Бебе смее да внесе макс 1гр сол дневно,а со малку моцарела или пармезан не внесува толку.
Имам замрзнато пилешко месо. Можам да го извадам, да го сварам и пак да го замрзнам? Или не бива така?
Немам од каде да купам овде домашно . Пишува на етикетата дека е од кокошка чувана во двор и хранета со пченка Кога го купив немав време да го сварам па го замрзнав, а сакам утре на бебево да му дадам. Ќе го извадам да се одмрзне, ќе го сварам и така сварено ќе го замрзнам пак. Фала ти
Според 'најновите научни истражувања на СЗО' забрането е еден плод со неутрален мирис и вкус како авокадото да се комбинира со зеленчук.
исти сме и ние, (7месеци) обавезно станува и му се фака веке 4 то некогаш и 5 то млеко, некогаш мн ретко го излажам со чај но во повеке случаи бара млеко и нема смирување додека не дадам.. се мислам и јас за воведување вечера вака од ад само се дува ..
Месо имаш ли воведено ако не си можеш, кисело млеко е покасно но јас и тоа имам воведено во консултација со педијатар
Гледам во постариве постови сите различно почнале со вкусови и кашички. Ај вие понови мајки пишете ми од кога почнавте? Ние сме на адаптирано и сите ми викаат околу 4ипол месеци да почнам. Совет?
5 месеци полека почнав. После само покажуваше дека е спремно да јаде и му воведов оброк до пред некоја недела ми плукаше зеленчук ама сега си јаде. Сама ќе приметиш кога е спремно.