И јас сум заинтересирана, бидејќи кај и да одам авокадо се служи во зелена салата, може па за мали бебиња не е препорачливо, барав и не најдов доволно информации за ова.
Беше пишано на шала и затоа ставено во наводници. Мислев дека е уште едно од "фамозните" препораки на СЗО кои немаат никаква логика... Давај слободно авокадо со зеленчук. Јас периодов не давам воопшто авокадо бидејќи има сезонско овошје и зеленчук ама на есен ќе почнам. Така и со тиквата... Инаку, воведов домат вчера- готвен се разбира и добро е прифатен. Уште два дена така па одиме со макарончиња. Одлучив на Барила да земам. Имате и безглутенски на Барила... @Milkiway сеуште не спремив спелта од оној ден кога никако не се навари...Ќе пробам да ја покиснам од вечер во вода. Ти имаш ли спремано така? Ако не бива ќе земам гриз од спелта. Има на Имуно.
Планирам утре само банана,вториот и третиот ден во комбинација со нешто воведено. Оваа ни е трета недела со проба,некако рано е да воведам оброк нели? Јаде сега од 30 до 60 грама ,кога како,ама мн сака да си цица,паѓа во транс кога цица од убавина
Сакам да прашам ние сме 4 месеци и почнав денес со една лажичка ориз на Хип. После како водичка веднаш течна столица ама сосем малку имаше, зошто така?
Ем шуто, ем боде. Ништо паметно не пишува, а ваму наоѓа замерки. Во 21 век да се бавиш со мисли и идеи од времето на дедо Ное СЗО многу убаво пишал и кажал, ама нема кој да чита Меѓу Зоки Поки и СЗО има многу материјал за читање
За некои 2-3 недели и јас сакам да почнам со вкусови. Тогаш бебе ќе биде 5+++ планирам да почнеме со тиквица домашна. Јаболка, круши исто може да најдам домашни. Исто грозје имам домашно, ама кога можам да го дадам? морков смеам домашен? Свежи сливи? Батат каде можаам да најдам органски? Друго што може во почеток?
Исто 170мл млеко еден оброк. Да ти кажам моево денес беше будно од 6:30 и да не му дадев трет оброк со храна, ќе имаше 4 оброци млеко плус вечер два пати ако се разбуди тоа ти е 6. Му дадов ноќна каша од хипп.. Не знам искрено..