По плачот треба да препознаеш зошто плаче. Опра има една емисија за како да се препознае плачот на бебињата, многу ми помогна кога беше новороденче и од тогаш немам мака точно знам за што плаче. Инаку, кога беше 7+++ моето се будеше на три саати како новороденче и пиеше по 90мл. Тоа траеше 4 дена. Потоа си се врати во нормала. Може е фаза. Не исклучувај и Милки што ти пиша за дневната рутина околу исхраната.
Ич да не се чувствуваш лоша мајка. Јас на почетокот јаболки домашни не можев да најдам, и општо не им беше време (април месец почнав со дохрана) и дадов од тегличка. Подобро од тегличка него од прсканите. Исто така и тиква, слива, кајсија и праска давав од тегличка прво. Сега веќе им е сезона и давам свежи.
Се буди кенка, не може да се врати да спие и цуцла му ставам и по газето го нишкам ништо, после го земам на нозе да го нишкам и тука веќе плаче и мора млеко. Е во 4 кога се разбуди ми се смееше, ете реков будалче, ама истата ситуација како што напишав горе. На сабајле му давам овошна каша, некогаш со житарици некогаш без. За ручек му давам зеленчук, некогаш со месо некогаш без. Некаде околу 170гр.
Да знам за таа емисија ја гледав и мене ми помогна доста додека беше бебче. Ама сега друга е работата, по еднаш се будеше ама има три дена по два пати ми се буди, може е фаза.
И јас до вчера одлучував за тестенини бидејќи и јас ќе воведувам. Решив да земам на Барила. Ако сакаш имаш и безглутенски од истата фирма...
@firequeenn тестенини ко тестенини можеш секоја да ја дадеш доколку си ја вовела житарката од која се направени. Најчесто се без јајце. Барила има со јајце и истото го има на амбалажата, внимавај доколку не си дала јајце. Јас од ДМ земам најчесто. Таму земам и за “големите”. Види тие што ги имаш дома какви се и ако ти се ок слободно давај.
Svezi gi davate koga e sezona Ili gi varite...na primer ako e sezona na jabolko,krusa,sliva Dali se dava sveza Ili se vari...ama prasuvam za 6 meseci koga se pocnuva da se probuva...Dali da gi varam Ili svezi
Eптен малку ги обарував да омекнат, но сега почнав да ги пасирам свежи. Малку вода додавам во садот за да не е ептен густо да може убаво да се испасира.
А млеко колку пие ? Ако во овошната каша не ставаш житарки тоа е веќе ужинка,не оброк. Ставај 60гр житарки 140гр овошје ако јаде 200 давај му. Такви 2 оброка. И битно е како ги оравиш оброците, дали мериш на вага да имаш доволно компир/ориз.. и друго што би го држело сит. Ако треба и трет 100-120 дај му. Испланирај го добро времето да е најаден и дремките да не се повеќе од 1ч. А помине саат и 15мин одма буди го. Водичка давај му, шмукалче пробај така 2 3 дена. Пример ја почнав сега со вечера да завршувам наместо со ад и повеќе го држи. Спие пд 21ч до 6ипол-7. Кога му давав ад во 21ч 200мл ми де будеше во 4-5 гладен. Ич не го држи млекото.
Од старт свежо давам, никогаш овошје не сум обарувала. Дури педијатарката ми велеше рендано да го нудам ама за сигурност го блендирам.
За воведување ги варев тие први 3 дена, после тоа свежи давав. Сега веќе и нови не варам само лупам убаво.
Дајте идеја што да воведам за да почне да јаде. Воведов и ручек и не ги рачунам како оброк затоа што јаде 10-20 грама. Готови каши и немам дадено до сега, не знам дали да пробам следно тоа или уште да чекам. Денеска прави 7 месеци. Дали да воведам месо и какво месо?
Јас прво воведов телешко, мисиркино и на крај пилешко. Пробај и со готови на хип имаш со ориз и телешко и има со пченка и телешко. Мојов ја јаде таа без пченка бидејќи не мириса толку.
Фала ти многу за советите ќе пробам да му кувам така. Значи вака од прилика ни е рсспоредот 7 - млеко 170мл 10 - доручек 1 - ручек 4 - млеко 170мл 7 - млеко 170мл - ноќно спиење Некако рано е научен да спие. така на три сати ни е сѐ понекогаш на два и пол зависи како ќе му дојде.