Еднаш дадов кисело млеко мислам беше, брокула, лукче со макарони ама не ги сакаше. Ќе пробам пак само да уфрлам нешто друго…
Јас воведов веќе телешко,а мојава е десет дена помала од твојата.Исто и кромид воведов,целер,ставај тоа може ќе и бидат повкусни. @Katerina94 пробај со брокула,авокадо,павлака или јогурт ,големава многу ми го јадеше тој сос со тестенини,после поголема и сусам печен додавав.
Да може и затоа ти се буди завршуваш во 19ч со млеко. Убаво би било ако успееш да гп оддложиш спиењето бар во 8 да заспива а да додадеш 100-120гр ужинка за да го оддложиш млекото. Не знам како напредува знам крупно си е како син ми. Син ми со толку млеко 800г напредна и на тоа внимавај ем не ги држи млекото ем ги дуе. Направи се некако математика со дремките и храната.
Кога да биде ужинката и што може да биде? Да крупен е машала 10кг а 7месеци има. Загрижена сум да не биде дебелко ко ќе порасне, ама некако и високо е моево ко 10месеци да има 6 заби има.
Исти се нашиве. Син ми на 9м 10.500 кг и има 7 запчиња веќе еве тројкитр избиваат и он е висок т.е. повисок е од дечиња на 1г и покрупен. Можеш ужинка или вечера за да оддложиш млекото да ти биде во 8ипол и на спиење. Пример шмукалче, јогурт со овошје, кисело млеко и палента или двопек итн.... Да се едитирам пре би дала вечера т.е. ја така и напрајв уште на 8м негде почнав со вечера ти немаш воведено 9м направи малото?
Мајки Сега земав еден двопек пишува содржи траги од јајца. Ја којзнае каков сум му дала прошли пат пишуваше на него просо и сусам ама не видов за јајца дали има. Каков зимате треба некој посебен да барам без јајца? Сега земав на ЕТИ фирмата..
Ја па ќорла кај прочитав 9м дека си ми пишала. Па со таа килажа ја би му дала вечера не знам педијатар што те советува ама ако качува 1кг на месец до млекото е . Ем не држи и ти се буди ноќе ем нагло качува. Размисли расчитај по нет. Не би чекала 9м да направи за вечера...јас така направив ти види како мислиш консултирај се
Ова 10кг имаше педијатарот викаше до 6 месеци да не почнуваш со храна, не гледаат толку на тоа. Ништо не вика ми рече спрема висина има тамам килажа. Има табела забележува и вика не е над нормалата. Ќе почнеш со храна по малку ми рече кога имаше 6 месеци, јас бев веќе почната со 5, патронажната ми рече да почнам.
Зашто да не е подолга дремката од саат и 15 мин? Нешто со храната има врска? Ќерка има прва дремка од 2 саати некогаш и подолго, попладне уште една од 1 час и ноќе си спие убаво 10 саати со 1 будење за доење
Дали може вака доручек/ ручек цврста храна едно по друго? Вечера кога воведовте? Моево пред спиење пие 210мл готов оброк ама некако не го држи почна многууу порано да се буди и да бара млеко.
Не ама моето кога спиеше така се будеше во 5 или во 4 ќе стане па давав млеко едвај презаспиваше и затоа ако ти спие и ти врзува цела ноќ супер. Бејби пиша дека исто така и се буди во сред ноќ па може денските дремки да имаат влијание.
Баш и мене ова ме заинтересира. Јас колку што знам треба доручек,ужина, ручек,ужина, вечера ,со тоа што ужинките во случајов да се млеко и нели пред заспивање или наутро млеко. Вака терав со првата,а и во градинка така им е распоредот. Ако е грешка нека каже некој
Да и јас незнам како треба, гледам дека му фали млеко или оброк, незнам како да го направам распоредот Мајки плс кажувајте каков распоред имате за јадење.
Бебе ми е 7+++ Се буди кон 4,5 наутро давам 180мл млеко па продолжува со спиење 9, 9.30 појадок- овошје со некои житарици Околу 12 млеко 210мл 15- ручек зеленчук со ориз најчесто (месо уште немам воведено) 18- млеко 210мл 21, 21.30 млеко 210мл и спиење Ужина немам уште воведено, со млеко уште ужива и се радува кога ќе го види шишето. Дневните дремки се 3 до 4 по 30-40мин, пред ручекот може да врзи и 1,5 до 2 часа.
Не знам како е правилно, јас така правам поради тоа што мислам дека ако јаде во 4 ручек ондак е повеќе жедно навечер и ќе бара млеко.
Скрос исто и јас вака,сега тек воведуваме втор оброк и исто време се тераме , мојава е 6+++. Ужинка не ти треба уште мало е.
Ние сме 8 м 7ч- 200мл млеко 10:30-11- доручек 14- ручек 18- 200мл млеко 21:30- 200мл млеко и спијат не стануваат навечер за млеко